Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Хроника

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

ФОТО: МВР
Сподели

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица- ОВР Валандово запленети се околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово- Валандово.

Имено, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, одгледување на останати повеќегодишни посеви и добиена лиценца за одгледување на марихуана за медицински цели, била извршена контрола од страна на Комисијата при Министерството за здравство, по барање на МВР, и во присуство на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Валандово. Во текот на контролата се утврдени бројни неправилности околу произведената марихуана за медицински цели, при што е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, кој дал наредба да биде извршен претрес во правното лице, по претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Гевгелија и Комисијата при Министерството за здравство за исполнетост на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за производство на марихуана за медицински цели.

Од претресот беше утврдено дека во 500 кутии со околу 1390 килограми, кои се декларирани со етикета која е залепена на секое пакување дека содржи ТХЦ сув цвет, содржината во пакувањата не содветствува со декларацијата. Од страна на јавниот обвинител издадена е наредба за вештачење до Фармацевтски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на пакувањата кои се декларирани дека содржат марихуана сув цвет со ТХЦ. Од вештачењето е утврдено дека содржината во пакувањата е фалсификувана односно наместо сув цвет на марихуана содржи отпад, гранки, листови, био маса и многу мала фракција на суви мали иситнети цветови, со што е извршено кривично дело по член 95В и член 29Г од Законот за опојни дроги.

- Advertisement -

Од страна на ОВР Валандово и ОКП извршени се проверки и повикани се на службен разговор 16 лица, меѓу кои сопственици на правното лице, поранешен управител, обезбедување, како и работници кои биле ангажирани на тримирање и чистење на марихуаната. Утврдено е дека околу 1390 килограми на марихуана е фалсификувана, а исто така утврдено е дека био маса со ТХЦ со вкупна килажа од 1629 килограми, која правното лице било задолжено да ја уништи и да достави известување до Министерството за здравство, истата не ја уништило и при контролата е затекната во правното лице.
Исто така, утврдено е дека недостасуваат околу 11 килограми марихуана од сортата „булк глубери“ и не е доставен доказ каде се наоѓа.

Од контролата и претресот утврдено е дека околу 815 килограми марихуана од реколта 2023 година е спакувана во полиетиленски вреќи, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и истата не е соодветно спакувана, складирана и обележана. Вреќите не се запечатени со сигурносна лента, иако во правното лице биле должни да постапат согласно член 29 Ѓ став 2 по Закон за контрола на опојни дроги.
По обезбедување на сите материјални докази, од страна на ОВР Валандово до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 95 В, 29Г од Закон за контрола на опојни дроги против управителот на правното лице У.Р.Г. (21) од Бугарија, поранешниот управител Љ.С. (35) од Ново Село, против правното лице како и против Б.И. (49) од Нов Дојран, Б.И. (25) од Струмица и Н.Г. (40) од Струмица.

Од страна на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија е издадена наредба за одземање на околу 1390 килограми фалсификувана марихуана, околу 1630 килограми био маса со ТХЦ и околу 815 килограми марихуана со ТХЦ.
Исто така, од извршениот претрес и контрола утврдено е дека во правното лице пријавените управители пријавувале помала количина на сув цвет од реалната и констатирани се вишоци на марихуана.
Од страна на Комисијата при Министерство за здравство е изготвено решение за одземање на лиценцата за производство на марихуана за медицински цели на правното лице.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

АДРЕНАЛИН НА МАКСИМУМ: Тројца охриѓани предизвикаа хаос во казино, полицијата интервенираше!

Автомобил излетал во Вардар – 4 годишно дете е спасено, се трага по останатите патници

Трагедија во Италија: Македонец загина во страшна сообраќајка

Почина родилка во Куманово

Маж со пестицид сакал да ја отруе сопругата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ Работници пронајдоа буриња полни со оружје и експлозив во Гостивар

Хроника

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Хроника

Драма во Куманово – двегодишно дете спасено по труење со лекови

Хроника

Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?