Политика на приватност и заштита на податоци

Оваа политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, како и за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата веб-страница. Ние во Македонија Денес ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ја оствариме нашата дејност согласно закон, а притоа да Ви ги обезбедиме најдобрите искуства, производи и услуги.

Кој е контролор на збирките на лични податоци и како можете да не контактирате?

Контролор на личните податоци е Македонија Денес.

Можете да не контактирате на:

e-mail:  contact@makedonijadenes.mk

Веб страна: www.makedonijadenes.mk

можете да не следите и контактирате и на:

https://www.facebook.com/MakedonijaD
https://www.instagram.com/makedonijadenes.mk/

Личните податоци Македонија Денес ги обработува во целост во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, и сите начела поврзани со обработката на лични податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци.

Чии податоци собираме?

Ние собираме податоци поврзани со следниве категории на субјекти на личните податоци (физички лица):

  • Посетители на нашата веб-страница makedonijadenes.mk

Кога ја посетувате нашата веб-страница, ја собираме и ја обработуваме вашата IP-адреса и Вашата активност на веб-страницата. Целта на обработката на овие лични податоци е да се следи употребата на веб-страницата за да се подобри и да се заштити. Правната основа за обработка на овие лични податоци е нашиот легитимен интерес да го заштитиме непреченото работење на нашата веб-страница и да го оптимизираме нејзиното функционирање и управување. 

  • Со регистрација со email на нашата платформа

Кога се регистрирате како Корисник и кога се согласувате за добивање на маркетинг понуди (newsletter), ни давате согласност да ја собереме и обработиме Вашата e-mail адреса за целите на испраќање на newsletter. Целта за која ги обработуваме потребните лични податоци е да ја регистираме вашата сметка на платформата и да обезбедуме соодветна помош во однос на користењето на Вашата e-mail адреса.

Дел од вашите лични податоци се собираат преку колачиња и други слични техники. Погледнете ја нашата Политика за колачиња во продолжение за повеќе информации.

Вашите лични податоци не подлежат на автоматизирано одлучување, ниту на профилирање. Вие немате законска или договорна обврска да ги доставувате вашите лични податоци до нас.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци за навигација

При посетата на нашата веб-страница за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

Вашата интернет протокол (IP) адреса;

Вашиот оперативен систем;

Видот на пребарувачот, плагини и верзија;

Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна;

URL на страницата која Ве префрлила на нашата веб-страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете веб-страницата на Македонија Денес;

Јазикот на пребарувачот кој го користите;

Држава (се одредува преку IP адресата).

Личните податоци се собираат директно од Вас, кога се регистрирате како Корисник и кога се согласувате за добивање на маркетинг понуди (newsletter), преку нашиот email: contact@makedonijadenes.mk, преку Вашето користење на нашата веб страна или кога на друг начин комуницирате со нас. 

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб-страница,
  • преку нашата електронска пошта (e-mail): contact@makedonijadenes.mk

Серверските логови автоматски се бришат, освен доколку околностите налагаат нивно задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Категории на корисници на лични податоци

Ние во Македонија Денес не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб-страница, на трети лица, освен по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само во случај ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме за Вас се чуваат и употребуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Вашите лични податоци ги чуваме само онолку колку што ни е потребно. Ако повеќе не ни требаат Вашите податоци, ние веднаш ќе ги избришеме или ќе ги направиме анонимни со отстранување на сите детали што Ве идентификуваат. Доколку сме побарале Ваша согласност за обработка на Вашите лични податоци и немаме друг законски основ да продолжиме со таа обработка, а Вие ја повлечете Вашата согласност, ние ќе ги избришеме Вашите лични податоци освен во случај кога со закон се утврдени подолги рокови за нивно чување и обработка. Списокот (прегледот) со рокови на чување на личните податоци е составен дел на документацијата за заштита на личните податоци на Македонија Денес.

Кои се Вашите права?

Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие имате право:

  • Да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • На пристап до личните податоци
  • На исправка и бришење на личните податоци
  • На ограничување на обработката на личните податоци
  • На приговор и
  • На преносливост на податоците

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да не’ контактирате на:

e-mail:  contact@makedonijadenes.mk

Промена на Политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.

Политика на колачиња

На нашиот веб-сајт https://makedonijadenes.mk се користат т.н. колачиња за подобро корисничко искуство. Колачињата ни помагаат да ја доставиме нашата услуга. Со користење на нашите услуги, се согласувате да користиме колачиња.

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Македонија Денес сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.

Содржина

Македонија Денес на својот веб-сајт споделува сопствени, авторски содржини, содржини од партнерски сајтови, ПР објави и соопштенија на јавни и државни институции и претпријатија.
Македонија Денес во целост ја задржува сопственоста и правото врз сопствените, авторски содржини. 
Нивното преземање е строго забрането без одобрение на редакцијата. Секое преземање без одобрение на редакцијата на Македонија Денес ќе биде санкционирано согласно законските регулативи во Република Македонија.
Барањата за преземање испратете ги на contact@makedonijadenes.mk 

Со секоја посета вие се сложувате со политиката на приватност, заштита на податоци, политиката на колачиња и правилата за содржината. Доколку не се сложувате со политиката на приватност, зашита на податоци како и политиката на колачиња, потребно е веднаш да ја напуштите интернет страницата www.makedonijadenes.mk.