Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македониум

106 години од раѓањето на Славко Јаневски – темелникот на современата македонска книжевност

Сподели

На денешен ден 1920 година во Скопје бил роден Славко Јаневски, истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист, сликар… Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден македонски јазик.

Учествувал во НОБ. Од 1945 година е уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како што се: списанието за деца „Титовче“, списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, литературниот весник „Хоризонт“ и хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работел како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“.

Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело седум члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Исто така, тој бил член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.

- Advertisement -

Јаневски оставил трага и во македонската кинематографија, како автор на неколку филмски сценарија: во 1967 година, тој ја адаптирал класичната историска драма на Војдан Чернодрински „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов; соработувал со Панде Ташковски на филмската адаптација на епскиот воен роман „Доследни на заветот“, пренасловен во „Македонскиот дел од пеколот“, во режија на Ватрослав Мимица; и ја адаптирал сопствената хуманистичка новела „Две Марии“ за филмот со наслов „Јазол“, во режија на Кирил Ценевски.

Творештвото на Славко Јаневски е обемно и разнолико. Пишувал песни, раскази, романи, како и литература за деца.  Напишал 13 збирки песни од кои попознати се: „Крвава низа“, „Пруга на младоста“, „Евангелие по Итар Пејо“, „Каинавелија“ и др.; повеста „Улица“, расказите: „Кловнови и луѓе“, „Горчливи легенди“ и др.; романите: „Село зад седумте јасени“, „Две Марии“, „И бол и бес“, „Тврдоглави“, „Девет Керубинови векови“ и др.; како и детската литература: „Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки“, „Сенката на Карамба Барамба“, „Црни и жолти“, „Шеќерна приказна“, „Пупи Паф“ и др.

Тиквешко негде, в некое село…

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

72 година од смртта на Димитар Влахов

Кој беше Бане Андреев?

81 година од смртта на Никола Парапунов – симболот на партизанското движење во Пиринска Македонија

За човекот кој живееше и умре за Македонија

„Македонија не припаѓа, ниту на Бугарите, ниту на Србите, ниту на Грците, а си припаѓа сама на себе“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Херојски војуваше против фашистите па загина трагично – 101 година од раѓањето на Чеде Филиповски Даме

Македониум

101 години од раѓањето на Ацо Шопов – основоположник на современата македонска поезија

Македониум

„Кралу Александру, еве ти ја Македонија“

Македониум

„Полицајците му забодувале шајки под ноктите на прстите“ – 109 години од раѓањето на Мирче Ацев

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?