Во текот на изминатото деноноќие, полициските служби на целата територија на државата привеле вкупно 14 лица поради безобѕирно управување со моторни возила.
Најголем дел од приведените, односно 11 возачи, управувале возило без возачка дозвола. Од нив, тројца биле затекнати во Гостивар, по двајца во Делчево и Скопје, при што еден од возачите во главниот град управувал нерегистриран мотоцикл. По еден ваков случај е евидентиран во Тетово, Кавадарци, Битола и Гевгелија, каде исто така еден од возачите управувал нерегистриран мотоцикл.
Дополнително, двајца возачи – еден во Скопје и еден во Велес – управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Во Берово, пак, е приведен возач кој управувал под дејство на алкохол.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Надлежните повторно апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат изречена забрана, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.



