Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Скопје, кога малолетен возач со патничко возило удрил во пешак, кој се здобил со сериозни повреди.
Како што информираат од СВР Скопје, несреќата била пријавена на 14 јануари 2026 година, околу 22:30 часот, на улицата Македонско-косовска бригада.
Според првичните информации, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишно момче од Скопје, удрило во пешакот М.И. (57), исто така од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, поради што бил итно пренесен и згрижен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите му биле констатирани од лекарски тим.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.

