Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

29 и 30 август: 17. БОШ Фестивал со богата културно-уметничка програма

Сподели

17. по ред, БОШ Фестивал, во организација на ЗГ „АРТ ЕКВИЛИБРИУМ“- Гевгелија, ќе се одржи на 29 и 30 август 2025 година како дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Пред публиката следува богата културно-уметничка програма составена од изложби, филмски проекции, видео-арт, визуелни инсталации, музички настапи и радио-програма, со цел да се прикаже современата уметничка сцена и нејзината разновидност.

Првиот фестивалски ден (29 август 2025 година), започнува со Изложба на цртежи во комбинирана техника и инсталација „ПоПуСто%“ од Марија С. Богдановска, која тематски се осврнува на разликите во економската моќ на жените во сите свери на општеството и разликите што влијаат врз нивниот емоционален, социјален и културен живот. Изложбата на доцентот на ФЛУ во Скопје ќе биде поставена во Уметничката галерија „Амам“, а отворањето е закажано за 20:00 часот.

Програмските активности продолжуват во Народниот театар- Гевгелија со Изложба на фотографии од професионалниот фотограф Столе Ангелов. Станува збор за колекција на улични фотографии направени во повеќе градови низ Европа и Балканот. Потоа следи видео-артот „На флипери“ од Јован Гаковски, дипломиран графичар, кој преку монтажа на флипер-игри од 90-тите, на ритам на музика, раскажува визуелна приказна од „Star Game“ до „Final Boss“.

- Advertisement -

Ќе бидат прикажани и три филмски проекции. „Лука“ е првата проекција, документарен филм во продукција на Здружението за култура „Транзен“, кој тематски го прикажува животот на група млади музичари од Струмица кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена се борат да најдат начини за развој на својата музичка креативност и иновативност.

Втората проекција е на краткометражниот филм на Ана Јакимска- „Blue Hour“. Станува збор за синопсис кој го прикажува животот на една девојка, Петра, која потекнува од мало провинциско гратче, живеејќи го својот сон во Скопје и односот мајка-ќерка во судир на два различни концепта на живеење.

Серијата филмски проекции ќе заврши со краткометражниот филм на Лидија Мојсоска „Само ѓаволот мрази вода“, приказна за Борис и Кира чие пријателство е ставено на тест кога Борис, под влијание на неговата баба, ќе почне да се сомнева дека Кира е олицетворение на Ѓаволот.

Со диџеј сет на Мартчин во кафе-бар „У“ (22:30 ч.) ќе заврши првиот фестивалски ден.

Наредниот ден (30 август 2025), БОШ се префрла на Стариот градски пазар. Со почеток од 20:00 часот, следуваат низа активности. Премиерно ќе биде прикажан филмот „Мангава диско панк“, експлозивна драма/фикција која го следи единствениот панк-рок бенд во ромското гето Шутка.

По него следи експерименталниот видео-албум „The Hip- Reality Overdrive“, проект кој е визуелна ремикс интерпретација на музиката на The Hip, алтернативен бенд од Куманово. Тој претставува колаж на влијанија од литературата, киното и сликарството, а на повисоко ниво ја претставува и внатрешната патека на самооткривање и самоанализa. Истражува врвни сетилни искуства, служи како естетска почит и како едноставно уживање во уметноста.

Ќе биде претставена и визуелната инсталација „Колатерална штета“ на графичкиот дизајнер Ице Капсаров, како простор каде убавината и насилството коегзистираат – не во рамнотежа, туку во напнатост. Потресни слики што се разлеваат по ѕидовите, исчезнуваат во сенка и се кршат како сеќавања под притисок. Како и инсталацијата за колаж „Ненаситни“ – колажирање пропагандни плакати со Јана Деловска и Дамјан Илиќ, со цел активна дружба низ сечкање, реобмислување, ангажирање и активирање.

Музичкиот блок е составен од концерти на рок-триото „Харикири“ во состав на Андреј Димовски (гитара, вокали), Марко Печеновиќ (бас, вокали) и Виктор Стојановски (тапани), и „ПИЈАН СЛАВЕЈ“ – музичко-поетски формат на Бранислав Николов (вокал) од групата Фолтин, заедно со Пеце Трајковски- Брада (гитара, синт), Славчо Јовев (тапани), Андреа Мирческа (мини пијано, глас) и Гоце Јованоски (бас), во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во двата дена ќе следи целодневна викенд радио-репортажа од БОШ Фестивалот на радио „Канал 103“.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Карпош користи штедливо ЛЕД осветлување

Аеродром: Нов парк во Горно Лисиче на местото на дива депонија

Без електрична енергија дел од Карпош, Ѓорче Петров и Арачиново, а без вода дел од Центар

Исчистен отпадот на Пониква

Герасимовски: Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Крива Паланка со празнична грижа и радост за секое дете

Локално

Минатата недела санкционирани 63 непрописно паркирани возила во Центар

Локално

Лисиците се спуштија во Капиштец – забележани неколку во последните денови

Локално

Без вода населбата Новоселски пат

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?