Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

30 oктомври: Промоција на книга „Поменик со личните имиња на населението од Смоквица“ на Киро Ристов

Сподели

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 30 октомври (четврток), со почеток во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“ во Гевгелија, ќе се одржи промоција на книгата „Поменик со личните имиња на населението од Смоквица“, автор м-р Киро Ристов. Настанот е во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, со поддршка од Општина Гевгелија. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Илија Велев, познат истражувач, автор и универзитетски професор, кој со своето научно и книжевно дело дава значаен придонес во афирмацијата на македонското културно и духовно наследство. Настанот ќе биде збогатен со музички настап на Теодора Гошева – Теда, која со својот интерпретативен израз ќе даде уметничка нота на оваа промотивна вечер посветена на културното и историското наследство на Смоквица.

Книгата претставува фототипско претставување на две книги, во кои се запишани сите починати членови поединечно на сите семејства од селото Смоквица до 1932 година, со неколку воведни излагања за самата населба. Првата книга потекнува од 1893 година и е напишана со грчко писмо, но со македонски изговор, додека втората книга, од 1915 година, претставува надополнета транскрипција на првата, запишана на народен македонски јазик со употреба на старословенски букви. Овие записи имаат голема историска, културна и духовна вредност, бидејќи не само што го претставуваат духовното наследство на Смоквица и гевгелискиот крај, туку и го одразуваат историскиот контекст, културните врски, традицијата, обичаите и религиските особености на населбата.

Во „Поменикот“ се издвојуваат 193 лични имиња, од кои 103 се женски, а 90 машки. Според половата структура, овие имиња ги носат 1.191 машки и 773 женски лица, односно вкупно 1.964 лица кои потекнуваат од 82 семејства запишани во првата, и 77 семејства во втората книга. Имињата што се забележани во „Поменикот“, како и оние спомнати во уште постари извори, меѓу кои и османлискиот попис од 1570 година, најмногу го одразуваат христијанскиот карактер на населението. Најчести се имиња спомнати во Новиот завет, додека многу мал процент се имиња со историска, митолошка, етничка или географска основа.

- Advertisement -

Од анализата на презимињата може да се забележи занимавањето и социјалната структура на жителите, при што голем дел од нив се добиени од турскиот јазик, а во помал број од грчкиот и македонскиот, и се зачувани до денешен ден.

Киро Ристов (1957) е археолог, истражувач и културолог од Гевгелија, кој целата своја кариера ја посветил на проучување и заштита на културното наследство. Основно и средно образование завршил во Гевгелија, а Археологија дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1982 година. Работел во повеќе институции – РО „Хемтекс“, Радио Гевгелија, Народен музеј во Гевгелија и Музеј на град Скопје, каде бил и директор (1989 – 1993).

Од 2004 година е магистер по археологија. Реализирал и учествувал во повеќе од седумдесет археолошки проекти и истражувања низ Македонија, особено во Гевгелискиот и Валандовскиот Регион. Бил ангажиран на бројни проекти како стручeн консултант и раководител на истражувања, меѓу кои и на локалитетите Тауерсиум, Скопска тврдина Кале, Антички градови на Вардар, Маркови Кули, Варвара и други.

Автор е на седум монографски изданија и над триесет научни и стручни трудови објавени во земјата и странство. Неговите најпознати дела се: „Утврдени пеонски населби до Долно Повардарје“, „Таор“, „Железното време во римскиот период“, „Варвара“ и „Смоквица- населба, население, генеалогија“.

Ристов активно учествува на научни собири и симпозиуми, промовирајќи го културното наследство на Република Македонија. За својот придонес во археологијата и културата е добитник на повеќе признанија и благодарници.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Кочани: Долгот намален за над 25 милиони денари

Дневен ред за 53. седница на Советот на Општина Центар – Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски во увид на градежните активности за нов паркинг кај ООУ „Невена Георгиева Дуња“

Охрид домаќи на меѓународниот турнир во огнено оружје „Гранд При Лихнидос“

Миле Трајковски е новиот претседател на Советот на Општина Крива Паланка

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Староградската песна и музика – вечни чувари на традицијата: Концертот на „Распеани гевгеличани“ ја разбуди душата на градот

Локално

Започнаа подготовките за „Пастрмајлијада 2025“

Локално

Топол почеток на учебната година – Општина Крива Паланка со поддршка од 3000 денари за секое прваче

Локално

Без вода повеќе улици во Карпош 3

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?