Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

4 септември: Солистички концерт на гевгелиската виолинистка Емилија Николова

30.08.2025 15:22
Сподели

На 4 септември 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, Емилија Николовска ќе одржи солистички концерт, посветен на нејзиното матурирање во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје. Овој концерт не само што ќе биде значаен за неа туку и за целата локална заедница, бидејќи ќе го одбележи важниот момент во рамки на музичкиот живот на Гевгелија кога прогласена за Град на културата 2025 и е дел од културните активности за манифестацијата.

Во концерната програмата ќе се најдат композиции како „Партита бр. 2 d-moll“ од Ј.С. Бах, со Алеманда и Куранта, „Синкопи“ од Ф. Крајзлер, „Пролет, I став“ од А. Вивалди, „И Валцерот продолжува“ од Е. Хопкинс и „Концерт за виолина и оркестар e-moll, оп. 64, I став“ од Ф. Менделсон. Придружба на пијано ќе ѝ обезбеди Емилија Кабранова Филипова.

Настанот е во организација на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, училиштето каде Емилија ги започна своите први музички чекори.

Банер Банер BrandEcho

Емилија Николовска, родена во 2005 година, е надежна и талентирана виолинистка која своето музичко образование го започнува на седумгодишна возраст во Основното музичко училиште „Васо Карајанов“- Гевгелија. Под водство на проф. Марија Спасовска, таа ја започнува својата патека со виолината, додека теоретските предмети ги изучува во класата на проф. Ѓорѓи Улишев. На десетгодишна возраст, Емилија учествува на Државниот натпревар за млади музичари, каде што освојува Трета награда по виолина и Прва награда по солфеж. Нејзиниот напредок продолжува и во 2017 година кога учествува на Меѓународниот фестивал за класична музика “ART IN – VELES” и повторно освојува Први награди на Државниот натпревар по солфеж. Во текот на 2018 и 2019 година, Емилија се здобива со високи Први награди на Меѓународниот фестивал „Полихимнија“ во Скопје, како и на Државниот натпревар по солфеж. Во истите години, таа учествува на Семинарот по виолина под раководство на проф. м-р Олег и Анна Кондратенко. Своето основно музичко образование го завршува во класата на проф. Соња Панова, како првенец на генерацијата во ООМУ „Васо Карајанов“ за учебната 2018/19 година. Средното музичко образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје, во класата на проф. Јелена Туфекчиевска. Во 2025 година, Емилија е примена во европскиот оркестар “European Spirit of Youth Orchestra” под раководство на италијанскиот маестро Игор Корети Курет. Оркестарот, составен од педесет талентирани млади музичари од Европа и Азија, по дваесетдневни интензивни подготовки во Словенија, одржа концерти во Словенија, Австрија и Италија.

Моментално, Емилија своето музичко образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. м-р Олег Кондратенко. Нејзините достигнувања и континуирано усовршување ја прават една од најсветлите млади таленти во македонската музичка сцена. Како млада виолинистка, таа свири повеќе музички жанрови и се претставува на гевгелиската публика секојпат во различни состави, оставајќи силен впечаток со своите сценски настапи и емоционална интерпретација. Нејзината посветеност и страст за музиката ја прават исклучителна уметница во развој, која со сигурност ќе продолжи да блеска во иднината.

Ad image

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Велес: Еколошка акција за зачувување на животната средина

Општина Прилеп: Програма за Карневалот Прочка 2026!

Инспекциските служби на Општина Центар со рекордни резултати на терен

Земјоделците во фокус: Кичево домаќин на трибина за руралниот развој

Панел – дискусија под наслов “Учам за подобра иднина” во ООУ “Христијан Карпош”

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Герасимовски на прес-конференција ја презентираше новата механизација за чистење на Центар

Локално

Во Општина Центар отворена нова градинка

Локално

Идниот петок ќе започне уривање на нелегални угостителски објекти во Трговскиот центар

Локално

Конституиран новиот совет на Општина Карпош

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?