Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: 5-те најголеми грешки при реновирање на бања
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » 5-те најголеми грешки при реновирање на бања
Интересно

5-те најголеми грешки при реновирање на бања

20.05.2025
Share
SHARE

Прекрасно и функционално уредена бања ќе ви помогне да се чувствувате поудобно во вашиот дом. Луѓето прибегнуваат кон реновирање на бањи од неколку причини: решавање технички проблеми како што се мувла, протекување вода и оштетени цевки; зголемување на функционалноста на просторот и подобар распоред во бањата; безбедносни подобрувања (главно за стари лица или лица со слаба подвижност); подобра пазарна вредност на недвижностите. Повеќето одлучуваат да ја реновираат бањата кога продаваат/издаваат куќа или стан или откако ќе купат постар стан.

Реновирањето на бањата обично се прави еднаш на 10-20 години, пред се поради високи цени. Цената за реновирање бања, која опфаќа замена на керамика, инсталации и санитарна опрема, се движи околу 600 евра/м2. Може да се каже дека реновирањето на бањата, во рамки на целосното реновирање на домот, претставува најголем трошок.

Секоја грешка при реновирање на бања дополнително ќе ја зголеми оваа цена. Затоа, внимателно испланирајте го секој чекор и обидете се да ги избегнете 5-те „стапици“ опишани подолу во текстот:

Ad image

Погрешен избор на материјал

Изберете материјали наменети за влажни услови, бидејќи во бањата се создава голема количина на водена пареа. Како најдобро решение за подови и ѕидови во бања се покажаа керамички плочки. Плочките може да се залепат само на подот, на ѕидот само како цокле до висина од околу 10 сантиметри, до половина од ѕидот или до таванот. Бањите со плочки од подот до таванот успешно се спротивставија на „забот“ на времето и естетски се најатрактивни, иако и најскапи.

Таванот, како и ѕидните површини кои не се покриени со плочки, треба да се избелат. За таа цел, најдобро е да изберете специјални бои отпорни на вода и влага.

Обрнете внимание на материјалот на полиците. Поради високата влажност и недостатокот на вентилација, мебелот за бања може да изгние или да се деформира.

Претрупување на тесна бања

Честа грешка при реновирање на мала бања е пренатрупаноста. Во преполна бања нема да можете да се свртите. Погрешно уредување на санитарните јазли може значително да ја намали функционалноста на бањата.

Затоа, во тесни бањи изберете мебел со помали димензии. Побарајте повеќе решенија како што се вградени мијалници со ормани. Тесен, а долг ѕиден простор можете да го искористите за да поставите вертикална полица на која ќе ги распоредите вашата козметика. Аголните полици се исто така одлично решение, со кои се користат главно неискористени агли.

Во случај на мали бањи, добар избор може да бидат walk-in туш кабини, што се состојат од преграда (параван) и канал во кој тече водата. Бидејќи нема визуелни пречки како кај туш кабина со када, бањите со walk-in туш кабина „изгледаат“ поголеми. Добар избор се и конзолните (висечки) тоалети.

Недоволно електрични приклучоци

Друга честа грешка при реновирање на бања. Колку штекери ќе имате во бањата ќе зависи од бројот на наменети уреди. Размислувајќи однапред, дали можеби планирате да купите машина за сушење во иднина?

Направете список на сите уреди што ќе ги користите во бањата за да може електричарот да препорача соодветен број на електрични приклучоци. Последното нешто што сакате е да сфатите откако ќе ја реновирате бањата дека немате доволно штекери.

Занемарување на вентилацијата

Добро е познато дека бањата е нај влажната соба во домот. Поради прекумерната влага и топлина и лошата вентилација доаѓа до развој на мувла, пукање на бојата на таванот, гниење на дрвени елементи и непријатни мириси.

Затоа, при реновирање, треба да поставите вентилатор во бањата, а доколку веќе го имате, проверете ја неговата исправност.

Вентилаторот игра една од најважните улоги во бањата. Неговата задача е да ја исфрли влагата и непријатните мириси. Дури и ако имате прозорец во бањата (што е ретко во денешно време), се препорачува инсталирање вентилатор за бања. Во текот на зимата, природната вентилација значително ја лади просторијата, а поради тоа луѓето нередовно ги отвораат прозорците во студените денови. Бидејќи застарениот и влажен воздух мора да излегува надвор дури и во текот на зимата, набавете вентилатор со соодветна јачина.

Овде „се прикрадува“ уште една грешка – купување вентилатор со недоволна моќност. Ако се водите според параметарот CFM (кубни стапки во минута/cubic feet per minute), наведен во спецификациите на уредот, треба да знаете дека за секој м2 простор е потребна моќност на вентилаторот од 10 CFM. Обрнете внимание на дијаметарот на одводното црево. Ако дијаметарот е 10 цм, нема смисла да се земе вентилатор со моќност поголема од 50 CFM.

Лошо осветлување

Еден од основните елементи на секоја бања е и осветлувањето. Осветлувањето треба да се планира според големината на бањата, распоредот на елементите во бањата, дали има прозорец или дали природна светлина допира до бањата.

Поради слаба и недоволна светлина, бањата може да изгледа темно и да биде непрактична. Ако уредите за осветлување не се поставени правилно, тоа може да создаде сенки и да ги отежне активностите како што е шминкањето. На пример, подобро е да користите светла од двете страни на огледалото наместо само една горе, за да може подобро да се распредели светлината и рамномерно да го осветлите лицето.

Ако имате мала бања, вградено осветлување може да биде идеално решение.

Добар избор е комбинација од неколку извори на светлина, вклучувајќи централно осветлување на таванот, светлина над огледалото и амбиентални светла. Од енергетска гледна точка, изберете ЛЕД осветлување.

 

____________________________________________

MИА – ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Од Јованка Јанкоска Извор МИА

You Might Also Like

Во овие земји Дедо Мраз е забранет

Кои автомобили најмногу се возат на Балканот?

Таа избриша сè, замолчи – и конечно почна да живее. Еве што научи

Треба ли да се изненадиме што ја гледаме Македонија на оваа листа?

Тајните на добрата мајка и успешното родителство

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?