…Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Иван Попов и Панде Сидов заминале за Баница, каде на 5 јули биле поразени. Истиот ден и четата на Чакаларов е растурена, тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чакаларов бил ранет во градите при борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел Камен. Тука Чакаларов загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја однеле во Лерин каде на сиот глас викале:
„Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“
Потоа грчки капетан го удрил со главата Илија Димушев и го присилил да ја носи на чело на процесот. Српски офицер не им дозволил да продолжат и протестирал пред Грците. Тие главата му ја дале на епитропот од црквата „Св. Панталејмон“, а тој ја погребал на гробиштата. Дваесет и шест души од четата на Чакаларов биле судени во Солун од воен трибунал и добиле разни казни.
Васил Чакалров бил роден 1874 година во Смрдеш, Костурско, а починал на 9 јули 1913 година кај Бел Камен, Леринско.