Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Американски медиуми: Што се случува по повлекувањето на Бајден?

21.07.2024 21:35
Сподели

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека се повлекува од претседателската трка против противкандидатот Доналд Трамп. Повлекувањето во последен момент е без преседан во современата изборна историја на САД и е потег со висок ризик.

Дел од тоа – како би можело да функционира замената на 81-годишникот.

Хаотична конвенција?

Ad image

За да назначат формален кандидат, делегатите од сите 50 држави присуствуваат на летната конвенција за номинирање на нивната партија (Демократската партија) за официјално да одберат кандидат врз основа на примарното гласање.

Банер Банер BrandEcho

Бајден со огромно мнозинство ги освои првичните гласови, а околу 3.900 делегати на партијата кои ќе одат на конвенцијата во Чикаго овој август. Со излегувањето на Бајден, делегатите треба да најдат замена. Тоа ја враќа американската политика во старите времиња, кога партиските газди се мачеа да изберат кандидат преку склучување договори во простории „одзади“ исполнети со чад и бескрајни кругови на гласање.

На 31 март 1968 година, тогашниот претседател Линдон Џонсон даде шокантна најава среде Виетнамската војна дека нема да бара реизбор.

Тој потег ја претвори таа година конвенцијата, исто така во Чикаго, во политичка криза со демонстранти на улиците и левоориентирани делегати лути на провоениот став на партиски избраниот кандидат Хуберт Хемфри.

По тој дебакл, државите пошироко го прифатија примарниот процес и конвенциите станаа добро подмачкани работи чии исходи се однапред познати бидејќи тие се одредени од прелиминарните избори.

Кој може да пополни?

Веднаш по дебатата, демократите беа околу Бајден, барем кога говореше на снимката.

Сето тоа се распадна како што одминуваше времето, при што се повисоките партиски лидери јавно ја доведуваа во прашање одржливоста на кандидатурата на актуелниот претседател.

Природен – но не и автоматски – избор да го заземе местото на Бајден би била потпретседателката, Камала Харис. Бајден ја поддржа во денеска додека објави дека се повлекува.

Испратен да го изгасне пожарот по слабиот настап на демократскиот претседател на дебатата, 59-годишната призна дека Бајден „бавно почнал“ против Трамп, но „завршил силно“.

Во спротивно, може да биде повикан кој било од голем број силни демократски политичари – гувернерите Гевин Њусом од Калифорнија, Гретчен Витмер од Мичиген и Џош Шапиро од Пенсилванија.

Шансите за трета страна?

Со откажувањето на Бајден, дали може да се појави силна надеж од трета страна? Досега ниту еден независен кандидат не претставува никаква опасност за доминантниот двопартиски систем на САД.

Во 1992 година, милијардерот од Тексас Рос Перот, кој се кандидираше како независен, успеа да освои речиси 19 отсто од гласовите на народот. Но, на крајот, поради начинот на кој функционира изборниот систем во земјата, тој не доби ниту еден од најважните гласови: оние од 538-те членови на Изборниот колеџ кои на крајот одлучуваат за победникот.

Од Марија Спасовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

Израелските сили напаѓаат новинари со шок бомби во окупираниот Наблус

Во Германија две лица осудени поради извоз на електронски компоненти во Русија

Трамп: Асад избега затоа што Русија го напушти

Во Словенија во 2023 година регистриран најмал број новороденчиња во последните 102 години

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Борел: ЕУ ја поздравува Резолуцијата на ОН за поддршка на планот на Бајден за Газа

Балкан

Курти: Косово потпиша договор со турска компанија за изградба на фабрика за муниција

Балкан

Влада на Србија: Досега учество на ЕКСПО 2027 пријавиле 100 држави

Криминалот во Париз драстично се намали за време на Олимписките игри

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?