Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Американскиот амбасадор во Унгарија ги критикуваше властите во Будимпешта, Орбан му одговори

Сподели

Будимпешта, 15 март 2024 (МИА) – Американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман, денеска ги критикуваше „опасно налудничавите антиамерикански пораки“ на унгарските власти и нивното „продлабочување на односите со Русија“.

Во острото обраќање по повод 25-годишнината од приемот на Унгарија во НАТО, Пресман истакна дека САД „ниту можат да разберат, ниту да прифатат премиер кој ги идентификува САД како главен непријател“, пренесува Политико.

Тој ги отфрли тврдењата дека САД се обидуваат да ја соборат унгарската влада, како и дека не може да ја игнорира „изјавата на претседателот на унгарскиот парламент дека војната на Путин во Украина всушност ја водат САД“.

- Advertisement -

– Со другите наши сојузници сме во контакт, соработуваме, работиме заедно, дури и кога има меѓусебни разлики. Овде, тоа не функционира додека не направиме нешто, предупреди Пресман.

Неколку часа по ова обраќање, унгарскиот премиер Виктор Орбан објави видео на социјалната мрежа Х во кое зборува за „тешкиот период во американско-унгарските односи“ и тврди дека САД и поставуваат неприфатливи барања за Унгарија.

– Тие бараат од нас да влеземе во војна, а ние не можеме да го направиме тоа. Очекуваат да зборуваме исто како нив, дека миграциите се добра работа, а ние мислиме дека миграциите се лоша работа. Тие очекуваат од нас да ги поддржуваме правата на ЛГБТКју, но ние веруваме во семејството, истакна Орбан.

Поради овие разлики, администрацијата на Џозеф Бајден, оцени Орбан, „одлучила да ја смени владата во Унгарија со финансирање левичарски партии, медиуми и невладини организации“.

– Ние сме сојузници, но не сме робови, заклучи Орбан и додаде дека американските републиканци имаат повеќе разбирање за Унгарија.

Секретарот на унгарската влада за билатерални односи оцени дека обраќањето на Пресман „не било достојно за амбасадор, туку за левичарски активист“.

Од Јасмина Тасевска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Нуклеарните тестови: Закана за глобалната безбедност

Полска и Франција ќе потпишат пакт

Градежната индустрија во Црна Гора доживува бум: Рекорден број на дозволи за изградба во третиот квартал

Оскфам: Додека работниците преживуваат, десетте најбогати Американци заработувале милијарда дневно

Руската армија се приближува до Северкс: Стратешка позиција за контрола на регионот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Петро: Секој напад против мене ќе предизвика народна бура

Изборниот штаб на Трамп соопшти дека е хакиран и го обвини Иран

Балкан

Вучиќ одговара на Гардијан: Србија не е авторитарен аутсајдер

Свет

Австралија на удар: Нови закони против говорот на омраза по трагедијата на плажата Бонди

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?