Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Анализа

Анализа на Би-Би-Си за маневарскиот простор на Зеленски по замрзнувањето на американската воена помош

05.03.2025
Сподели

Лондон, 4 март 2025 (МИА) – Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира воената помош за Украина ги отвори прашањата за тоа како Киев ќе одговори на овој нов притисок.

Во анализата на Би-Би-Си, британскиот медиум прашува: „Што може да направи Зеленски за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да прифати договор за минерали под какви било услови?“

Според текстот, администрацијата на Трамп очигледно сака да ја префрли одговорноста за влошените односи врз украинскиот претседател, обвинувајќи го дека не покажал доволна благодарност.

Банер Банер BrandEcho

„Замрзнувањето на помошта е очигледен обид за притисок врз Зеленски да направи отстапки. Но, тој веќе даде сигнал дека е подготвен за компромиси“, се вели во анализата.

Минатата година, Зеленски во интервју изјави дека би можел да прифати загуба на териториите што Русија веќе ги окупирала, ако тоа значи дека преостанатиот дел од Украина ќе стане членка на НАТО.

Ad image

Овој месец, тој дури отиде чекор понатаму – изјави дека би бил подготвен да се повлече од функцијата доколку Украина добие членство во НАТО како дел од договор со Русија.

Но, администрацијата на Трамп го отфрли ваквиот предлог, усогласувајќи се со ставот на Москва, која остро се противи на украинското членство во Алијансата.

„Што точно Трамп очекува од Русија, земја што изврши инвазија врз Украина, сè уште не е јасно“, заклучува Би-Би-Си.

Одлуката за запирање на американската воена помош доаѓа само неколку дена по состанокот на Трамп со Зеленски во Овалната соба, кога двајцата лидери имаа отворен судир околу идните чекори во конфликтот.

Висок функционер на Белата куќа изјави: „Претседателот е фокусиран на мирот. Очекуваме и нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Ова не е трајна одлука, туку пауза за преиспитување на ефектите од помошта“.

Според Блумберг, испораката на целата воена опрема што моментално не се наоѓа во Украина е стопирана. Ова вклучува оружје во транспорт со авиони и бродови, како и опрема што веќе се наоѓа во транзитни зони во Полска.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зошто падна Асад и дали ќе интервенира Иран? Која беше улогата на Турција? – Сѐ што треба да знаете за моменталната состојба во Сирија

Колку помош доби Украина и дали нејзините ресурси можат да ја покријат – анализа на Скај Њуз

БРИКС или ЕУ – каде припаѓа Македонија?

Прилепска Пиварница со рекордна добивка во 2024 година – раст на продуктивноста и стабилна ликвидност

Што знаеме, а што не за Гренланд?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Анализа

Србија меѓу Косово и ЕУ – патот на компромисот или на конфронтацијата?

Анализа

Воена анализа: Колку оружје поседуваат Иран и Израел?

Светот во 2024/ Политичка криза во Франција, дипломатски бум на Макрон

Анализа

Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?