Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Хроника

Ангелов: Изгаснат пожарот на Галичица, нов на Плачковица

Сподели

Скопје, 18 август 2024 (МИА) – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево преку видео изјава, соопшти дека е изгаснат пожарот на Галичица. Нови пожари избиле на планината Плачковица и во Општина Илинден, додека реактивиран бил пожарот на пробиштипска територија, кај селото Неокази.

Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.

– Денеска заклучно со 13 часот, имаме вкупно 25 пожари на отворен простор и шумски пожари. Од нив, шест се целосно изгаснати, девет се ставени под контрола, додека 10 се сѐ уште активни. Првата добра вест, е, тоа што пожарот на Галичица е целосно изгаснат. Конечниот удар му го зададе дождот што заврна во оваа област. Пожарот што повеќе од 25 дена гори на територијата на ловиштето „Јасен“ и се движеше кон селото Белица, иако не е изгаснат, е со многу мал обем. Се надеваме дека во попладневните часови и таму ќе заврне дожд и целосно ќе биде изгаснат, дециден беше Ангелов.

- Advertisement -

Тој информираше дека тежок за гаснење е пожарот на територијата на Општина Долнени, што се движи во насока на село Зрзе и околината. Бидејќи во тамошен манастир се славел празник, Ангелов апелираше верниците да бидат исклучително внимателни, особено при палење свеќи.

Директорот на ЦУК рече дека постои вознемиреност кај населението во селото Цер, како и на останатите села во околината, бидејќи пожарот што се движи во таа насока, бил голем.

– Таму денеска дејствуваме со 30 професионални војници, седуммина припадници на локалната Противпожарна единица, осум лица вработени во „Национални шуми“ и најмалку триесетина доброволци, појасни Ангелов.

Големи пожари, како што посочи тој, има и во општините Пласница, Дебар, како и во Долнени кај село Ропотово, каде има два пожара.

– Нов пожар што изби предмалку е пожарот на планината Плачковица, некаде на меѓата помеѓу штипскиот дел и делот на општина Карбинци, рече Ангелов.

Итно бил упатен еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Пожар предмалку изби и на територијата на Општина Илинден, околу Миладиновци или во близина на „Окта“, додаде Ангелов.

Од Блаже Дарудов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Велосипедист загина во сообраќајка на булеварот „Никола Карев“ во Скопје

Трагедија во воздухот: Македонец починал за време на летот Чикаго – Белград

Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Полицаец од Скопје обвинет за поткуп на колега

Хроника

Таксист нападнал и ограбил патници

Хроника

Приведен 28-годишник – се обидел да силува малолетничка со која бил во роднинска врска!

Хроника

Во Дебар тешко повреден моторциклист

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?