Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Анкета: За Данците САД се поголема закана од Северна Кореја и Иран

05.02.2025 00:02
Сподели

Копенхаген, 31 јануари 2025 (МИА) – Речиси половина од Данците сега сметаат дека САД се значителна закана за нивната земја и огромно мнозинство се против тоа Гренланд да стане дел од САД, покажа нова анкета.

Истражување на ЈуГов (YouGov), споделено исклучиво со „Гардијан‘, доаѓа по неколкунеделни тензии меѓу Данска, Гренланд и САД поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека планира да ја преземе контролата врз автономната територија, која е дел од данското кралство.

Арктичкиот остров, кој има 57.000 жители, порано беше управуван како колонија од Данска, која продолжува да ја контролира надворешната и безбедносна политика. Интересот на Трамп за Гренланд доаѓа во време кога се поголем замав зема движењето за независност на островот.

Банер Банер BrandEcho

Анкетата во која учествувале малку повеќе од 1.000 луѓе во Данска, спроведена помеѓу 15 и 22 јануари, покажа дека 46 отсто сметаат дека САД се или „многу голема закана“ или „прилично голема закана“ за Данска.

Тоа е повеќе од бројот на оние кои рекле дека сметаат дека Северна Кореја или Иран се закана. Повеќе испитаници ја сметаат Москва за закана, односно 86 отсто од анкетираните.

Ad image

Од анкетираните, 78 отсто рекле дека би се спротивставиле на продажбата на Гренланд на САД, но 72 отсто рекле дека конечната одлука треба да биде на Гренланд, а не на Данска.

Резултатите доаѓаат во неделата во која данската премиерка Мете Фредериксен ги посети Берлин, Париз и Брисел за да ја зајакне поддршката по заканите на Трамп за Гренланд.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Завод за статистика на Србија: Државата трета деценија е во депопулација

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

Австралија во пламен: Рекордни температури предизвикуваат хаос

Глад и насилство во Газа – трајни последици врз цивилното население

ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Европскиот парламент поставува амбициозни цели за климатските промени до 2040 година

Свет

САД: Израел постигна важни цели во Либан

Анкета: Мнозинството Германци ја поддржуваат идејата за меѓународни мировни сили во Украина, но без учество на германската армија

Свет

Мексиканската претседателка повика на „ладни глави“ како одговор на првите одлуки на Трамп

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?