Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

„Антолог“ со нови наслови од книжевна класика по повод 25 години постоење

Сподели

Скопје, 5 март 2024 (МИА) – Издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека во чест на одбележување на 25 години од нивното постоење, целата година ќе биде во знакот на класичните дела од светската и од домашната литература, а во март ќе бидат објавени неколку наслови од епохални автори кои извршија формативно влијание на своите книжевни следбеници.

Од „Антолог“ потенцираат дека првата книга од годинашната кампања е „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ, во нов превод од српски на Томе Сиљаноски. Проектот е реализиран во соработка со „Здружението Иво Андриќ“ од Србија, кое е основано според последната желба на авторот целата негова оставина „да се сочува како целост“ и како легат да се чува за општествени и хуманитарни потреби.

-Тргнувајќи од високите идеали на единствениот добитник на Нобеловата награда за литература од просторите на поранешна Југославија се решивме да направиме автентичен превод кој целосно кореспондира со јазикот и стилот на оригиналот.

- Advertisement -

Иако на книжевниот пазар се достапни повеќе различни и нелиценцирани изданија на македонски јазик на делата на Иво Андриќ и на Меша Селимовиќ, „Антолог“ објавува дека од неодамна ги има единствените права за превод и дистрибуција на сите дела од овие двајца автори во земјава.

– Од основањето до денес постојано се трудиме најголем простор во нашата издавачка понуда да им отстапиме на класиците создадени како од претходниците така и од современиците. Така што, денес можеме да се пофалиме дека е објавен на македонски голем дел од творештвото на Франц Кафка, Станислав Лем, Меша Селимовиќ, Артур Конан Дојл… Во текот на годините внимателно ги одбиравме и преведувачите, кои не се анонимуси туку се познати професионалци со долгогодишно искуство. Овие дела секогаш ги преведувавме од изворниот јазик, бидејќи забележавме дека дел од преводите што веќе со децении циркулираат меѓу публиката се анахрони или се преведени преку посредни јазици, пред сè од соседството, соопштија од „Антолог“.

Како што потенцираат, на сличен минуциозен начин досега биле објавени и делата на Итало Калвино, Труман Капоти, Џорџ Орвел, Хулио Кортасар, Х. Л. Борхес, Жорже Амадо, Блаже Конески, итн., а списокот во следниот период ќе биде надополнет и со книги на Ацо Шопов, Фјодор М. Достоевски, Николај В. Гогољ, Иво Андриќ, Антон П. Чехов и други.

Од „Антолог“ информираат дека освен книгите на светските класици, наскоро од печат ќе излезе и ексклузивното издание „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов со поднаслов „влог во современата македонска културна историографија“, а под редакција и со предговор на Јасмина Шопова.

-Сите бесценети дела што ќе бидат објавени во текот на 2024 година се наша иницијатива и се самостојно реализирани како прилог на „Антолог“ кон македонската културна еволуција. Сметаме дека со ова општо добро ќе оставиме траен залог за сегашните и идните генерации, се вели во соопштението на издавачката куќа.

Од: Бисера Трајковска Извор: Антолог

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Вечерва унгарска филмска вечер на „Охридско лето“

Промовирана „Одблесоци на сонот“ – книга во која младешкиот збор станува литературна реалност

Дело на Ван Гог продадено за над 4,5 милиони евра

Кометата C/2025 A6 Лемон ќе помине блиску до Земјата на 21 Октомври

Промоција на првата авторизирана биографија на Дарко Панчев во издание на „Арс Ламина“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Култура и наукаЛокално

Презентација на програмата „Крива Паланка – Град на културата 2024“

Култура и наука

„Македонија низ објективот на Арсени Јовков“ – VIII студиски ден на Институтот за национална историја

Култура и наука

Коперникус: 2024. е првата година што надминува 1,5 °C над прединдустриското ниво

Култура и наука

На Месечината откриена пештера погодна за научна база

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?