Во новото соопштение, актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, не штедеше критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таа го обвини за политички прогон и го запраша: “Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си Господ и си почнал да веруваш дека си семоќен?”.
Арсовска продолжи со жестоки обвинувања, истакнувајќи дека “за ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска”. Според неа, Мицкоски и неговите соработници не само што не се справуваат со проблемот, туку и поттикнуваат хаос во градот. “ТВОИТЕ градоначалници повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото”, додаде таа.
Арсовска не се задоволи само со тоа, туку и го обвини Мицкоски за долговите на Министерството за здравство кон Комунална хигиена, прашувајќи: “Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?”. Заврши со тврдење дека “по корумпирана и по плитка власт од ТВОЈАВА не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија”. На крајот, таа го обвини Мицкоски за лаги, велејќи: “Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш ЛАЖЕШЕ, како и за сѐ друго што ЛАЖЕШ денес”.


