Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Австралијците најдолго живеат во англојазичното подрачје

Сподели

Лос Анџелес, 26 авгyст 2024 (МИА) – Благодарение на добро организираниот здравствен систем, како и релативно малиот број на смртни случаи предизвикани од разни лекови и огнено оружје, Австралија е на прво место според очекуваниот животен век на луѓето.

Стручњакот за здравје на населението, Рејчел Вилки од Универзитетот на Јужна Калифорнија во САД и демографот Џесика Хо од Државниот универзитет на Пенсилванија ја насликаа мапата за очекуваниот животен век во земјите со високи приходи, а каде што се говори англиски јазик, и со цел да се даде пример на другите земји.

„Очекуваниот животен век во земјите со високи приходи укажува на границите на она што може да се постигне во контекст на високиот животен стандард и изобилните ресурси насочени кон подобрување на здравјето и благосостојбата“, истакнаа Рејчел и Џесика.

- Advertisement -

Тие ги споредија податоците од 1990 до 2018 година за шест богати земји од англиското говорно подрачје – Обединетото Кралство, САД, Канада, Република Ирска, Австралија и Нов Зеланд. Информациите се земени од базата на податоци за смртност на СЗО и агенцијата за виталните статистики на секоја земја. Заради споредби, земени се предвид и податоци за земјите од неанглиско говорно подрачје.

„Овие земји (англојазичните, з.п.) имаат заеднички јазик и некои културни сличности – исхрана, начин на живот итн., како и различни вредности на приходите. Сепак, овие сличности не значат дека нивните граѓани можат да очекуваат да уживаат во сличен животен век“, наведуваат авторите на истражувањето.

Така, Австралија има најдобри резултати во споредба со сите други земји, со помала смртност и кај мажите и кај жените на речиси сите возрасти, но особено меѓу 45 и 84 години. Кога станува збор за смртни случаи од циркулаторни и респираторни заболувања, рак, перинатални и вродени состојби, како и болести на менталниот и нервниот систем како што е Алцхајмеровата болест, Автралијците е во предност. Ова особено важи за австралиските мажи.

„Општо земено, Австралија нуди потенцијален модел за англофонските земји со пократок животен век, како што се САД и Велика Британија, да го следат примерот за да се намали прераната смртност“, заклучија авторите.

Канада е позната и по својот висококвалитетен здравствен систем, па жителите на оваа земја се во поинаква положба во однос на очекуваниот животен век. На трето место се жителите на Нов Зеланд и Ирска.

Инаку, последниве години, Ирска го зголеми очекуваниот животен век на жените за 6,66 години, а на мажите за 8,29 години. „Република Ирска доживеа големо зголемување во периодот од 1990 до 2018 година“, наведуваат авторите.

Во САД, очекуваниот животен век за мажите е околу 65 години, што е најнискиот животен век во овие шест земји од англиското говорно подрачје.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Македонките се мажат најмлади во регионот, на 26 години

Се затвора единствениот „безалкохолен бар“ во Манчестер

Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла

Зошто понекогаш ти се чини дека си на погрешно место – дури и кога сè изгледа правилно?

Подигнување на морето: Прогнози за 2050 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Интересно

Јанџин, Кина, „Најтесниот град во светот“

Интересно

Хосе Мухика: Скромниот борец што го претвори Уругвај во симбол на социјална правда

Интересно

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?