Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Борел: ЕУ ја поздравува Резолуцијата на ОН за поддршка на планот на Бајден за Газа

Сподели

Брисел, 11 јуни 2024 (МИА) – Европската Унија го поздравува усвојувањето на Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се поддржува новиот предлог за прекин на огнот објавен на 31 мај, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со усвојувањето на документот со кој се поддржува планот за прекин на огнот во Газа предложен од американскиот претседател Џо Бајден.

– ЕУ потсетува на својата целосна поддршка на сеопфатниот патоказ претставен од претседателот на САД, Џо Бајден. Ги повикуваме двете страни да го прифатат и имплементираат предлогот од три фази, се додава во изјавата.

Борел натаму нагласува дека ЕУ воедно бара итно спроведување на оваа, како и на резолуциите 2728, 2720 и 2712 на Советот за безбедност на ОН.

- Advertisement -

– ЕУ е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес за траен и одржлив мир, заснован на решението за две држави и да поддржи координирани меѓународни напори за обнова на Газа, се нагласува во изјавата на Борел.

Советот за безбедност на ОН синоќа со 14 гласа „за“ и еден „воздржан“  усвои Резолуција со која се изразува поддршка на предлогот претставен од американскиот претседател Бајден за итен прекин на огнот во Газа. За усвојување на Резолуцијата гласа 14 членки на Советот за безбедност на ОН, а Русија беше воздржана.

Во текстот се потенцираат и дипломатските напори на Египет, САД и Катар за ставање крај на конфликтот, се наведува дека Израел го прифатил планот на Бајден и се повикува и Хамас да го стори истото.

Планот на Бајден, промовиран на 31 мај, опфаќа три фази. Првата фаза предвидува прекин на огнот, ослободување на киднапираните жени, деца и повозрасни лица од страна на Хамас во замена на палестински затвореници, повлекување на израелските сили од населените места во Газа, зголемување на хуманитарната помош за палестинското цивилно население, обнова на основните услуги и враќање на цивили во нивните домови на целата територија на Појасот.

Во втората фаза се предвидува почеток на преговори за конечно мировно решение, ослободување на сите преостанати киднапирани Израелци од страна на Хамас и целосно повлекување на израелските сили од Газа.

Третата фаза предвидува спроведување на план за обнова на Газа, што ќе трае неколку години.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Божиќ во сенка на стравот: Без пазар, без радост, само загриженост

Босна и Херцеговина подготвува правен спор против Хрватска поради радиоактивен отпад

Телеграф: Франција е подготвена за воспоставување на нуклеарен штит над Европа

Албанија ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година

Медицинска сестра убила 10 пациенти со смртоносни инекции!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Мексиканската влада ги прекина односите со американскиот амбасадор

Свет

Трамп ја отстрани шпанската верзија на веб-страницата на Белата куќа

Свет

Трамп: Времето за трпение со Путин истекува, санкции на повидок

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?