Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Божикна порака од архиепископот Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо

Сподели

Возљубени празникољупци,

Еве, повторно стоиме пред тајната на Божик – пред тајната на Божјото доаѓање на земјата. Кога човештвото и сиот свет беа обвиени во гревовна темнина, Бог не остана далечен, туку слезе меѓу нас и, бивајќи Светлина, ја порази и ја истера темнината, и не со сила – туку со љубов.

Со овој спасоносен настан се исполни времето и се откри Божјата волја: Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот2. Затоа Божик не е само спомен на минатото, туку е откровение на вечната Божја намера: човекот да живее во заедница со Него.

- Advertisement -

Оваа радост, најнапред, ја возвестија ангелите, објавувајќи ги славата на небото, мирот на земјата и добрата волја којашто повторно се раѓа меѓу луѓето3. А потоа, преку витлеемските пастири и мудреците од Исток, целиот човечки род Му се поклони на Богомладенецот, дарувајќи Го и принесувајќи Му благодарност.

Па целиот човечки род во длабочината на своето срце го носи копнежот по Божјото присуство, копнежот за близина со живиот Бог. И токму на овој ден, сето тоа го добиваме како дар: Бог, Творецот на вселената, Оној Кој, според зборовите на свети Климент Охридски, секогаш почива на херувимски плеќи, стана еден од нас. Примајќи човечко тело, Тој го сокри Своето Божество4, за да го приближи до Себе, да го обожи и да го спаси човекот.

Така, небесното слезе на земјата и вечноста влезе во времето. Господ постана Богочовек, и со тоа го освети човекот, отворајќи ни го патот кон животот којшто не минува, зашто сè што доаѓа од Бога носи спасение и вечност. Затоа топлината на Неговото благодатно присуство е опит којшто ја придружува Црквата во секое време, а особено во деновите на овој светол празник.

И, еве, подготвени преку молитва, пост и богомислие, пристигнавме до мигот на празничното торжество и сега се радуваме на присуството на Младенецот меѓу нас. А таа близина на Бога нè собира сите заедно, нè прави заедница којашто молитвено го слави доаѓањето на Господ Исус Христос во тело, Неговото доаѓање во нашиот свет, во нашиот дом и во нашиот живот. Кога Тој ги загрева нашите срца, таа топлина се прелева меѓу нас и ни открива дека и во овој несовршен свет животот може да стане предвкус на Царството, таму каде што владеат мирот и добрата волја.

Возљубени чеда во Господа,

„Секоја душа е христијанска“, како што вели еден од ранохристијанските апологети, секој човек трага по Бога и секому му е благопријатно Неговото присуство. И кога ќе дојде до таа средба, човек не може да остане истиот. Нешто го поттикнува да биде доблесен и да твори вистина6. Светлината Божја ја истерува сенката на мракот, та човекот престанува да го сака злото и се стреми само кон доброто7. Ние сме за тоа и повикани: да Го примиме Христа во нашите души, да ги оставиме лошите навики, постанувајќи преобразени луѓе, достојни за името Христово со кое се именуваме.

Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,

Овој голем празник којшто го чествуваме, на преминот од старата во новата година, како да е природно така поставен во времето за да нè поттикне, од една страна, да се осврнеме наназад и да созерцаваме за изминатата година, да согледаме што е тоа што сме го направиле добро, доколку го има, а од друга страна, да се устремиме кон иднината и да видиме во што треба да се поправиме и што сакаме да направиме уште подобро. Она што го извлекуваме како поука и што си го задаваме себеси како задача е тоа да ги поправиме нашите пропусти, да ги победиме нашите слабости. Потребно е да сфатиме дека секоја наша постапка носи последици. И мали пропусти можат да доведат до големи несреќи, како што и малите добрини и правилните постапки доведуваат до бројни големи и добри дела. Тоа е така, зашто Господ помага во секое добротворење и кога ги гледа нашите добрина и труд – ги пополнува нашите недостатоци, а доброто дело го доведува до крај.

Тоа е потребно да го знаеме и тоа нека биде нашата решителна определба во претстојното лето Господово: да постапуваме правилно, совесно и добродушно на местото каде што Господ нè поставил. Да не се обесхрабруваме од тоа што спротивните сили навидум нè надвладуваат, туку да имаме бодрост да истраеме, дури и доколку ни се чини дека она што го правиме е мало и безначајно. Впрочем, самиот Господ Исус Христос во Евангелието нè поучува дека: Верниот во малку и во многу е верен, а неправедниот во малку и во многу е неправеден8.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено. Да не се сообразуваме со овој свет9, туку нашиот живот во светот да го сообразиме со Христовите заповеди.

Близината Божја нека нѐ поткрепува и нека ни дава надеж дека Господ е со нас во сите денови од нашиот живот. Господ ги услишува нашите молитви кога ги исполнуваме Неговите заповеди, и Тој не престанува да ни дава можности за да нè воведе во Своето Царство небесно10.

Со такви мисли и молитвени благопожелби, на сите чеда на Мајката Македонска Православна Црква – во Татковината и насекаде до каде што нѐ има по светот, ви ги честитаме божикните и новогодишните празници, поздравувајќи ве со серадосниот поздрав:

Христос се роди!

Честито и од Бога благословено новото лето Господово!

† СТЕФАН, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски
† ГЕОРГИЈ, Митрополит Дебарско-кичевски
† ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски
† МАРКО, Епископ Делчевско-каменички

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Вселенскиот Патријарх: „Младите да создаваат духовна интелигенција“

Крстовден во Рајчица – победата на Љубовта

Зошто се слави Василица – традиции и обичаи

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

Денес го славиме Преподобниот Онуфрије Велики

Религија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Бигорски манастир

Религија

Водици – значење и традиции

Религија

Господ нè повикува: „Излези од гробот на рамнодушноста“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?