Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Бугарска амбасада во Белград за ТВ Н1: Исполнувањето на поставените услови за Србија е клучно за успешен пристап во ЕУ

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk
Сподели

Белград, 13 декември 2024 (МИА)  –   Исполнувањето на поставените услови е клучно за успешен пристап на сите земји кандидати во Европската унија (ЕУ), соопшти бугарската Амбасада во Белград во одговорот до ТВ Н1 во врска со средбата на амбасадорите на земјите членки на ЕУ на која не беше даден договор да се даде Србија зелено светло за отворање на Кластерот 3 во преговорите со ЕУ, пренесе Бета.
Бугарската амбасада соопшти дека земјата „доследно ја поддржува европската интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ заснована на заслуги“.

„Бугарија конструктивно учествува во дискусиите во рамките на Советот на ЕУ за политиката на проширување и бугарското Министерство за надворешни работи не смета дека е соодветно да коментира за прашање што во моментов е предмет на внатрешна дебата во подготвителните тела на Советот на ЕУ“.

Тоа беше одговорот на Амбасадата на прашањата испратени од медиумот за неодамнешната средба на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, на која тие не се согласија да и дадат зелено светло на Србија за отворање на Кластерот 3, што се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст. Прашањето беше дали се точни информациите дека Бугарија е против, како и кои се причините за ставот на Бугарија за отворањето на Кластерот 3 во преговорите на Србија со ЕУ, пренесе Бета.

- Advertisement -

Медиумите, а потоа и српските власти, пред една недела објавија дека осум земји од ЕУ се против давање согласност за отворање на Кластерот 3 со Србија. Тогаш беше наведено дека против тоа се осум земји – трите балтички земји Естонија, Латвија и Литванија, потоа Шведска, Финска, Холандија, Хрватска и Бугарија.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шесто барање на студентите во блокада во Србија: Истрага и одговорност за неовластен влез на Интензивна нега во УКЦС

Можеби веќе 2028. година: Црна Гора на патот кон ЕУ

Просечната плата во Србија во ноември 2024 изнесувала повеќе од 860 евра

Вучиќ во Ниш: Аеродромот ќе има карго сообраќај и субвенции за „лоу кост“ летови, фабриката Аристон ќе има извоз од 240 милиони евра

Доживотна затворска казна за главниот осомничен за сексуална злоупотреба и принудување на проституција на малолетно девојче во Грција

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Подгорица добива нов авионски хаб: Wizz Air лансира 14 нови линии!

Шокантен инцидент во Бар – Младич осомничен за силување и закани

Балкан

Полициски службеници вмешани во малолетничка проституција

Балкан

Шпионска афера во Црна Гора: Бугарска група планирала киднапирање на Русин

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?