Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

Чешка размислува за целосен прекин на увозот на руска нафта

25.03.2025 03:19
Сподели

Прага, 24 март 2025 (МИА) – Чешка треба конечно да престане да увезува руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави денеска министерот за индустрија, Лукаш Влечек.

Во интервју за државната телевизија ČT, Влечек нагласи дека конечната одлука е во рацете на рафинеријата „Орлен Унипетрол“, која од 2005 година е во полска сопственост, пренесува ДПА.

Тој посочи дека од 4 март руска нафта веќе не тече низ нафтоводот „Дружба“ кон Чешка. Според претходни информации, ова се должи на проблеми со плаќањата поради американските санкции кон руските банки, воведени поради војната во Украина.

Банер Банер BrandEcho

„Орлен Унипетрол“ презема чекори за диверзификација и веќе нарачал испораки на нафта од Северното Море и други региони, изјави Влечек.

Владата во Прага исто така ставила на располагање до 330.000 тони нафта од државните резерви како заем, што ќе ја покрие побарувачката за околу 90 дена, додаде тој.

Ad image

Со децении, нафтоводот „Дружба“, изграден во времето на социјализмот, претставуваше главна врска за снабдување со нафта за Чешка, поврзувајќи ги руските нафтени полиња со Централна Европа.

Чешка, заедно со Словачка и Унгарија, доби привремено ослободување од забраната на ЕУ за увоз на руска нафта за да може да развие алтернативни извори. Сепак, земјата сега би можела да ја прекине зависноста од руската нафта побрзо од очекуваното.

Како потенцијална алтернатива, се разгледува Трансалпскиот гасовод (TAL), кој снабдува нафта од италијанското пристаниште Трст до Централна Европа. Неговите капацитети неодамна беа зголемени преку проектот TAL-Plus.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Од ноќеска на полноќ пониски цени на безнините и дизелот

Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното

ЕУ ги разгледува кинеските предлози за царини на млечни производи

Тивок трик на супермаркетите – психологијата зад самопослужните каси

Од полноќ поевтинуваат бензините

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Скандал со лажна реклама! Трамп ја прекинува трговијата со Канада

Бизнис и Економија

TotalEnergies го прекинува производство на нафта и гас во Катар, Ирак и Обединетите Арапски Емирати

Бизнис и Економија

Стратешко партнерство во нафтената индустрија: MOL Група и Либиска национална нафтена корпорација потпишаа меморандум

Бизнис и Економија

Дали Унгарците ќе ја купат НИС? Разговорите на Вучиќ со MOL откриваат нови детали

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?