Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Данска ќе потроши над 600 милиони долари за поморска одбрана во Балтичко Море

Сподели

Копенхаген, 22 април 2025 (МИА) – Данска ќе потроши околу четири милијарди круни (околу 614 милиони американски долари) за изградба на 26 воени бродови наменети за патролирање, одговор на нафтени излевања и надгледување на подводни кабли, соопшти министерот за одбрана Тролс Лунд Поулсен.

Земјите што излегуваат на Балтичкото Море се во зголемена готовност по серија прекини на електроенергетски, телекомуникациски и гасоводни мрежи по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, вклучувајќи ја и саботажата на гасоводот „Северен тек“. Русија ги отфрла обвинувањата дека стои зад тие инциденти.

НАТО го засили присуството во регионот со фрегати, авиони и морски беспилотни летала. Една од клучните безбедносни закани во Балтикот е т.н. „флота во сенка“ – бродови што Русија ги користи за трговија со нафта, оружје и жито спротивно на западните санкции.

- Advertisement -

– Заканите на море денес се различни и многу посериозни од пред само неколку години. Особено мораме да реагираме на заканите од Русија, додека технолошкиот развој напредува со невидена брзина“, изјави Поулсен. „Со овој поморски план започнуваме итни јавни набавки, што е прв чекор за зајакнување на одбраната на Данска од поширок спектар на закани, додаде тој.

По повеќе од една деценија на кратења во буџетот за одбрана, минатата година Данска одвои 190 милијарди круни (29,16 милијарди долари) за модернизација на војската во следните десет години. Целта е пред сè заштита на подводните кабли и енергетските цевководи, како и засилување на одбраната од потенцијални руски закани во данските води.

Покрај 26-те нови пловни објекти, Копенхаген ќе набави и беспилотни летала и сонарни системи за набљудување и идентификување на подводни активности, соопшти Министерството за одбрана. Данската влада соопшти дека има намера голем дел од бродовите да бидат изградени во земјата, во соработка со НАТО-сојузниците, но не објави дополнителни детали.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Косово воведе забрана на хидџаб во училиштата

Светската програма за храна на ОН ја затвора регионалната канцеларија на југот на Африка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Московската агенција за атомска енергија предупредува на влошување на ситуацијата во Курск

Лавров се огласува: Путин не ме остави на цедило!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Трамп се заканува: Нема повеќе венецуелска нафта или пари за Куба

Свет

Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца

Свет

Норвешката црква се извини на ЛГБТ+ за децениска дискриминација

Балкан

Хрватска обезбеди нова тенкови: 44 Leopard 2A8 за модернизација на армијата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?