Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Денеска и утре во прекин сообраќајот на граничните премини со Грција поради штрајк на грчките цариници
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Денеска и утре во прекин сообраќајот на граничните премини со Грција поради штрајк на грчките цариници
Балкан

Денеска и утре во прекин сообраќајот на граничните премини со Грција поради штрајк на грчките цариници

02.04.2024
Share
SHARE

Атина, 2 април 2024 (МИА) – Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, денеска и утре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина рекоа дека граѓаните кои во овие два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независна управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк на 2 и 3 април, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

Ad image

Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за дописничката на МИА од Атина објаснија дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците.

Дали ќе гласате на претстојните локални избори?

За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки што поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.

Истите извори велат дека добро ќе биде граѓаните да избегнат патувања во Грција додека трае штрајкот.

Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

Од грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“.

Од царинската управа вчера информира дека поради штрајкот на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки.

Според ЦУ, која се повикува на информациите добиени од амбасадата на Република Грција во Скопје, патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

Од Сања Ристовска, Грција Извор: МИА

You Might Also Like

Сообраќајна несреќа во Грција – повредено четиричлено семејство од Македонија

Во Хрватска за следната недела најавен бојкот на банките и телекомуникациите

Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот

Опозицијата во Албанија остро реагира на предлогот на Рама за вештачка интелигенција како министерка

Албанија на една година го затвори ТикТок

TAGGED:ГраницаГрција
Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?