Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ДИА: Северна Кореја има најсилна стратешка позиција во изминатите неколку децении

26.05.2025 00:26
Сподели

Вашингтон, 24 мај 2025 (МИА) – Во најновиот извештај на американската Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА) се наведува дека Северна Кореја има најсилна стратешка позиција во изминатите неколку децении.

– Северна Кореја во моментот има најповолна стратешка позиција по повеќе децении и располага со воени капацитети кои можат да ги загрозат американските трупи и нивните сојузници во Североисточна Азија. Во исто време продолжува да развива потенцијали за директна закана по територијата на САД, се наведува во извештајот на ДИА посветен на глобалните закани во 2025 година.

Исто така се истакнува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „е сè посигурен во својот меѓународен легитимитет и стабилноста на режимот“.

Банер Банер BrandEcho

ДИА потенцира дека Русија, во замена за поддршка во војната во Украина, се повеќе ги споделува вселенската, нуклеарната и ракетната технологија со Северна Кореја, но и со Кина и Иран, со што им овозможува технолошки напредок во развој на оружје за масовно уништување во следните три до пет години.

– Северна Кореја и понатаму на недозволен начин набавува компоненти за својата ракетна програма, која не може сама да ги произведе, често со помош на кинески и руски државјани, се посочува во извештајот на ДИА.

Ad image

Исто така, се наведува дека Пјонгјанг речиси сигурно ќе продолжи да извезува балистички системи и сродна технологија за Русија.

– Северна Кореја продолжува да го проширува својот нуклеарен арсенал, зголемувајќи ги резервите преку производство на плутониум и високо збогатен ураниум, предупредува ДИА.

Јужнокорејската новинска агенција (Јонхап) објави дека предупредувањето за Северна Кореја е во момент кога расте загриженоста поради нејзиниот забрзан развој на нуклеарно и балистичко оружје, како и воено-техничката соработка со Русија во рамките на Договорот за стратешко партнерство, потпишан во јуни минатата година.

Извештајот за Северна Кореја е дел од анализата на ДИА за глобалните закани во 2025 година, во кој се анализираат и Кина, Русија, Иран и други држави.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Инцидент по говорот на кралот Чарлс во австралискиот Парламент: Ова не е твоја земја, ти не си мој крал

Ерменија и Азербејџан го финализираа мировниот договор

ЦИА на патот кон нови немири: Курдите како клучен играч во Иран

Мистериозна смрт на руски бизнисмен – Откриен без глава

Скандал во Израел: Војници обвинети за силување бараат јавна поддршка

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Русија предаде над 1000 тела на украински војници

Свет

Елитни британски специјалци под истрага за можни воени злосторства во Сирија

Свет

ОН подготвува нови преговори за пластика

Балкан

Силна опозиција се обединува против владејачката партија во БиХ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?