Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Добитокот им ја уништува егзистенцијата, институциите молчат – граѓаните на протест!

26.02.2026 23:09
Сподели

Повеќе од една и пол деценија жителите на неколку села во кривопаланечкиот регион живеат со ист проблем кој, како што велат, директно им ја загрозува егзистенцијата. Денес тие излегоа на мирен и достоинствен протест пред зградата на Општина Крива Паланка за да го изразат револтот поради неконтролираното движење на крупен добиток што со години им ги уништува нивите, посевите и дворовите.

На протестот присуствуваа жители од Трново, Добровница, Узем, Кркља, Варовиште, Дрење и Станци, како и граѓани од околните населени места кои велат дека проблемот одамна ја надминал границата на индивидуални штети и станал прашање на опстанок за многу семејства што живеат исклучиво од земјоделство. Тие сведочат за уништени земјоделски површини, оштетени помошни објекти и постојано чувство на страв и несигурност.

Дополнителна загриженост кај населението предизвикуваат, како што тврдат, заканите и заплашувањата со кои дел од оштетените се соочиле во обид да го заштитат својот имот. Според нив, материјалната штета е само еден дел од проблемот, додека психолошкиот притисок и неизвесноста околу секоја нова земјоделска сезона се подеднакво тешки.

Банер Банер BrandEcho

Граѓаните порачаа дека пролетта е пред прагот и дека повторно стравуваат оти нивниот труд ќе биде уништен, поради што бараат итно и трајно решение со кое ќе се воспостави ред и одговорност. Нивната порака е дека повеќе нема простор за одложување и игнорирање на проблемот што трае со години.

Од Општина Крива Паланка информираат дека за случајот веќе постојат правосилни решенија и задолжителни мерки донесени од надлежните институции. Инспекциските надзори на Агенцијата за храна и ветеринарство констатирале прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно изречените мерки, што значи дека нивното спроведување не смее да биде доведено во прашање.

Ad image

Граѓаните бараат координирана реакција од сите институции, целосно спроведување на законските обврски и решение кое трајно ќе го спречи повторувањето на ваквата состојба. Покрај штетите врз имотите и земјоделските култури, тие предупредуваат дека неконтролираното движење на добитокот претставува и сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот.

Пораката од протестот беше јасна – жителите сакаат мирно да ја обработуваат својата земја, да го заштитат сопствениот имот и достоинствено да живеат од својот труд, без страв дека секоја нова сезона ќе значи нови загуби.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Нерези прослава по повод Денот на Независноста

„Песни од срцата“ – Концерт на Ана и Игор Дурловски во Битола

Инаугурација на Почесен конзул на Република Казахстан во Куманово

Делови од Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без електрична енергија

Прилеп се зелени: 6.000 дабови садници засадени во Маркови Кули

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Реконструкција на влезот на Башино Село

Локално

Општина Пробиштип: Програма за одбележување на 8-ми Септември

Локално

Неколку скопски села утре без струја

Локално

Се гради инфраструктура во населбата СРЦ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?