Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Дванаесетгодишно дете обвинето за учество во нередите во Саутпорт

Сподели

Лондон, 12 август 2024 (МИА) – Дванаесетгодишно дете стана најмладата личност обвинета за учество во нереди во британскиот град Саутпорт, до кои дојде по убиството на три девојчиња, јави Скај њуз.

Детето е обвинето за учество во насилни нереди во Мерсисајд на 30 јули и треба да се појави на судот за млади во Мерсисајд. Покрај него, обвинети се и Харви Габот (21) и Пол Драјхурст (33), кои треба да се појават на судот во Ливерпул.

До сега, за нередите во Саутпорт и Ливерпул се обвинети вкупно 30 лица. Уште едно дванаесетгодишно дете призна вина по две обвиненија за насилство пред Прекршочниот суд во Манчестер. Тоа е обвинето за напад врз автобус и за предавање на камен на друго момче за време на нередите кои се случиле на 31 јули пред хотелот Holiday Inn, каде што се сместени баратели на азил.

- Advertisement -

Полицијата го снимила и како на 3 август со ногата крши излог на продавница за електронски цигари и фрла предмет врз полициски комби.

Судијката Џоан Хирст изјави дека случајот е „многу сериозен“. Адвокатката на детето, Наташа МекГар, потенцираше дека на момчето  „многу му е жал“ и дека „апсолутно се срами“ од своето однесување.

До вчера, полицијата во Велика Британија уапси 927 лица, а обвинети се 466. Портпаролот на премиерот Киир Стармер рече дека владата нема да запре додека не ја заврши работата.

„Работата не е завршена додека луѓето не се почувствуваат безбедни во своите заедници“, изјави тој.

Енди Престон, градоначалникот на Мидлсброу, каде исто така имаше насилства, изјави дека „90 проценти од штетата ја предизвикаа млади бели Британци кои барале возбуда и адреналин… без идеолошка мотивација“.

Веќе се изречени строги затворски казни на некои од обвинетите, вклучувајќи и за објави на Фејсбук во кои се повикувало на насилство. Читањето на пресудите често се пренесува на телевизија бидејќи владата смета дека на тој начин ќе ги одврати граѓаните од насилство.

Министерката за правда Шабана Махмуд изјави дека правосудниот систем ќе ги чувствува последиците од неколкуте денови на нереди со месеци и години, со оглед на тоа дека затворите се полни поради пандемијата, а судовите се преоптоварени.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Хрватска и Грција се најголемите корисници на кохезиски и земјоделски фондови на ЕУ

Скандал во Истра: Работник се качил на дигалка и истакнал албанско знаме – жителите бесни, полицијата интервенираше!

Раст на вредноста на водечките компании во Црна Гора

Забрана за фашистички симболи во Арената Загреб

ОН стравува дека бројот на ХИВ инфекции ќе порасне поради кратење на американското финансирање

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Израел подготвува копнена инвазија врз Либан

Макрон: Европа мора да биде подготвена за војна ако сака мир

Трамп телефонски разговарал со Путин

Балкан

Босна и Херцеговина: Сè поголема побарувачка за странска работна сила

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?