Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Движењето ЗНАМ објави советнички листи за локалните избори во Скопје

Сподели

На денешната прес конференција, Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ги објави носителите на советничките листи за претстојните локални избори во градот Скопје и околните општини. Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, истакна дека ЗНАМ ја претвора довербата на народот во силни советнички листи, како и во конкретни програми и проекти кои ќе донесат вистинска промена. „Зад нас се месеци исполнети со посветена работа на терен, во кои преку двете кампањи низ целата држава илјадници граѓани ни ја доверија волјата за подобар живот во своите општини“, рече Мемов.

Тој нагласи дека на последната седница на Извршниот одбор на Движењето е донесена одлука за учество со советнички листи во 53 општини, плус Градот Скопје. „Оваа бројка е гласот на народот и доказ дека Движењето ЗНАМ е најбрзо растечкото движење во Македонија“, додаде Мемов. Во редовите на ЗНАМ за кандидати за членови на совет се приклучија професионалци од различни области, вклучувајќи доктори, професори и спортисти.

Мемов ги соопшти носителите на советничките листи во скопските општини: за Аеродром е предложен Љупчо Марковски Калц, за Центар м-р Крумислав Мишко Барзов, за Карпош проф. д-р Јасмин Циривири, за Бутел Ѓорги Станко Чековски, за Гази Баба Зоран Доневски, за Ѓорче Петров Тони Симиќ, за Кисела Вода Сашо Петровски и за Чаир Николче Наумов. Мемов истакна дека овие кандидати имаат интегритет и искрена намера да работат за своите заедници.

- Advertisement -

„Тие се нашата најголема гаранција дека ветувањата ќе станат дела, дека ќе изградиме поуредени општини и подобар квалитет на живот за сите“, рече Мемов. Тој исто така објави поддршка за натпартискиот кандидат за градоначалник на Општина Кочани, д-р Влатко Грозданов, нагласувајќи дека нивната борба не е за партиски интереси, туку за визија и напредок.

Во Скопје, носител на листата ќе биде Генерал Горанчо Котески, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ. Мемов го опиша Котески како човек кој целосно се посветил на одбраната на државата и кој сега носи визија за развој на главниот град. На градската листа се предложени и познати личности како проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, проф. д-р Горан Ајдински и Мире Јанев, сопственик на култниот локал „Плеј кафе“.

„Ова се луѓе кои го чувствуваат пулсот на градот и се подготвени да го вратат Скопје на граѓаните – чисто, современо и достоинствено“, рече Мемов. Тој нагласи дека на листата се и актуелни носители на јавни функции кои покажуваат како треба да се раководат институциите во Македонија. „Силата на ЗНАМ секојдневно расте – во секоја општина, во секој дом, во секое семејство“, заклучи Мемов.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

БРАВО ЗА МАЛАТА ХУМАНИТАРКА – Илина од Делчево продаваше рачни изработки за лекување на нејзин сограѓанин

Започна 37. издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Царинска управа заплени луксузни часовници вредни 38.000 евра на граничниот премин

Заталкан куршум оштети возило во Скопје

Два земјотреса попладнево, почувствувани во Берово, Делчево и околината

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Сончево и топло време со температури до 37 степени

Македонија

Во 2024 година регистрирани 757 бесправно изградени објекти – најмногу се за домување

Македонија

Јакимовски со реакција на писмо од министерот за економија: „Не сум јас тој што утврдува технички услови“

Македонија

Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела против општата сигурност

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?