Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Еден од уапсените за нападите на концертите на Тејлор Свифт во Виена со потекло од Македонија

Сподели

Виена, 8 август 2024 (МИА) – Сите три концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена се откажани, откако полицијата уапси две лица осомничени за планирање напади. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Македонија. Се трага по уште три лица.

Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека второто уапсено лице е 17-годишник, пренесува Австриската новинска агенција – АПА.

При вчерашниот претрес на куќа запленети се повеќе хемиски супстанци и технички средства. Тие сега ќе се оценуваат. Според Руф, пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на Интернет.

- Advertisement -

-Двајцата уапсени се родени во Австрија, родителите на 19-годишникот имаат корени од Северна Македонија, а мајката на 17-годишната е Австријка, изјави генералниот директор за јавна безбедност Руф.

Апсењата на двајцата, според Руф „ја минимизираа заканата за оваа мала група“, а откажувањето на концертите на Тејлор Свифт беше „одлука и одговорност на организаторите“.

Руф потврдува дека имале дојава од странски служби, по што била спроведена истрага во комбинација со сознанијата на австриската разузнавачка служба.

Второто апсење, според австриските медиуми, е извршено вчера попладне во Виена, но се уште нема информации за осомничениот.

Основниот мотив на осомничениот за тероризам, чија цел бил еден од концертите на мегаѕвездата Телјор Свифт во Виена, било убивање на што е можно повеќе луѓе, објави денеска австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

-Очигледно 19-годишникот сакал да направи експлозив и за таа цел земал хемикалии од своето работно место, наведува весникот, додвајќи дека 19-годишникот бил со потекло од Македонија.

Масата обожаватели била цел, а не самата Тејлор Свифт, изјави извор од истрагата за весникот. Според весникот, напад со експлозиви за да се предизвика што поголема штета – тоа веројатно бил планот на осомничениот за тероризам.

Од Неда Димова-Прокиќ/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини

Бразилскиот претседател Лула го откажа своето патување во Русија на самитот на БРИКС по несреќа

Балтичките земји „раскрстуваат“ со постсоветското енергетско наследство

Зеленски бара поддршка за избори без надворешен притисок

Сеул: Северна Кореја и испорача на Русија 7.000 контејнери со муниција

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Пекинг: Кина и Русија месецов ќе одржат заеднички воени вежби

Во пресрет на дебатата, Трамп се заканува со затвор за вмешаните во „изборната кражба“

Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања

Свет

САД извршија прв директен напад на копно врз Венецуела: Каракас бомбардиран од воздух

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?