Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Технологија

ЕК бара од „Епл“ да обезбеди интероперабилност на ајФон

Сподели

Брисел, 20 декември 2024 (МИА) – Европската комисија испрати „прелиминарни наоди“ до американската компанија „Епл“ во врска со двете барања од септември годинава за обезбедување на интероперабилност на уредите ајФон, како и за овозможување на попредвидлива и транспарентна интероперабилност за трети страни согласно Законот за дигитални пазари на ЕУ (ДМА).

„Прелиминарните наоди“ претставуваат документ со спецификации на предложени мерки за кои Еврокомисијата смета дека една компанија треба да ги спроведе врз основа на одредбите од ДМА.

Во случајов со „Епл“, ЕК смета дека компанијата треба „ефективно да се усогласи со своите обврски за интероперабилност во врска со неколку функции за поврзување со ајОС, кои претежно се користат за и од поврзани уреди“.

- Advertisement -

Станува збор за испраќање известувања за автоматско поврзување на Ви-Фи, ЕрПлај или ЕрДроп или, пак, за автоматско префрлување на Блутут.

Во „прелиминарните наоди“ за второто барање се наведени предложените мерки што Комисијата смета дека „Епл“ треба да ги спроведе во врска со „процесот што го поминуваат програмерите за да добијат интероперабилност со специфична функција на ајОС или ајПадОС“.

– За да се осигура дека со овие предложени мерки се постигнува ефективна интероперабилност во согласност со ДМА, Комисијата започна две јавни консултации: за мерките релевантни за поврзаните уреди кои бараат интероперабилност со ајОС, како и за процесот на барање за интероперабилност на „Епл“ за трети страни, се наведува во соопштението на Еврокомисијата.

Сега заинтересираните страни имаат рок до 9 јануари 2025 година да ги достават своите ставови за секоја од предложените групи мерки.

Според ДМА, „Епл“ е обврзана на програмерите и бизнисите да им обезбеди слободна и ефективна интероперабилност со хардверските и софтверските карактеристики на неговите оперативни системи ајОС и ајПадОС, кои се основни услуги на платформата заради која компанијата доби статус на еден од „дигиталните чувари“ на ЕУ.

По добиените повратни оценки за предложените мерки во наодите од заинтересираните страни и од „Епл“, Комисијата „внимателно ќе ги процени“, по што има рок од шест месеци за евентуално отворање на постапка против американската компанија заради неусогласеност со ДМА.

Според Законот, Комисијата може да донесе одлука во која ќе бара специфични мерки што треба да ги спроведе еден „дигитален чувар“ за да ги исполни обврските од членовите 6 и 7 од ДМА.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Хакирани лични и банкарски податоци на стотици илјади жители на Род Ајленд

ЕК им забрани пристап на лобистите на „Хуавеј“ поради истрагата за корупција

Гувернерот на Флорида, ДеСантис со закон им забрани на малолетниците да користат социјални мрежи

Huawei ги подигнува стандардите за батерии со Pura 80 серијата

Кина продолжува со антимонополска истрага против Nvidia

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Дали Meta крие нешто? Прекинати истражувања токму кога откриле штетни ефекти!

Технологија

Новиот технолошки бран: Како вештачката интелигенција го менува светот на работата

Технологија

Се работи на нова верзија на „Плејстејшн 5“

Технологија

ЕК ги казни „Мета“ и „Епл“ за непочитување на Законот за дигитални пазари на ЕУ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?