Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Технологија

ЕК ги казни „Мета“ и „Епл“ за непочитување на Законот за дигитални пазари на ЕУ

25.04.2025 00:05
Meta Logo
Сподели

Брисел, 23 април 2025 (МИА) – Европската комисија утврди дека компанијата „Мета“ ја прекршила обврската од Законот за дигитални пазари на ЕУ (ДМА) со тоа што на потрошувачите не им нуди избор на услуга што користи помалку нивни лични податоци, како и дека „Епл“ не се усогласила со ДМА во врска со понудата на нејзините управни услуги.

Како што соопшти портпаролот на ЕК за технолошки суверенитет, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение, поради ова Комисијата на „Мета“ и изрече парична казна од 200 милиони евра, а на „Епл“ од 500 милиони евра.

Според наодите на Еврокомисијата, „Мета“ не ја почитувала одредбата од ДМА дека големите онлајн платформи кои имаат статус на „чувари на портата“, мора да бараат согласност од корисниците за комбинирање на нивните лични податоци со услугите што ги нуди. Според Законот, оние корисници кои нема да дадат согласност за ова, мора да имаат пристап до помалку персонализирана, но еквивалентна алтернатива.

Банер Банер BrandEcho

ЕК утврдила дека во ноември 2023 година „Мета“ вовела модел на рекламирање „согласи се или плати“, според кој, корисниците на Фејсбук и Инстаграм од ЕУ имаа избор или да се согласат на користење на нивните лични податоци за добивање на персонализирани реклами или да платат месечна претплата за услуга без реклами.

Комисијата утврди дека овој модел не е во согласност со ДМА, бидејќи на корисниците не им го дава потребниот специфичен избор да се одлучат за услуга што користи помалку нивни лични податоци, а е еквивалентна на услугата со „персонализирани реклами“.

Ad image

По забелешката на ЕК, лани во ноември „Мета“ воведе нова верзија на овој модел, која според тврдењето на компанијата, користи помалку лични податоци за прикажување реклами. Во моментов Комисијата ја проценува оваа нова опција, а казната што ја изрече се однесува за периодот до ноември 2024 година.

Покрај ова, ЕК реши да и го одземе статусот на „чувар на портата“ на платформата Мета Маркетплејс, бидејќи е утврдено дека лани таа имала помалку од 10.000 деловни корисници во ЕУ, што е еден од условите за добивање ваков статус.

Од друга страна, според ЕК, „Епл“ не ја почитувала обврската од ДМА да им дозволува на креаторите на апликации што ги дистрибуираат своите производи преку „ЕпСторе“, бесплатно да ги информираат клиентите за алтернативните понуди.

Како дел од денешната одлука, Комисијата му нареди на „Епл“ да ги отстрани техничките и комерцијалните ограничувања и да се воздржи од продолжување на неусогласеното однесување во иднина.

Покрај ова, Комисијата реши и да ја затвори истрагата против „Епл“ за почитување на обврските да им дава можност на корисниците во ЕУ лесно да ги деинсталираат сите софтверски апликации и да ги менуваат стандардните поставки на иОС, како и да можат да го избираат стандардниот веб-прелистувач. Ваквата одлука е донесена откако „Епл“ ја обезбеди ваквата можност за своите корисници.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

OpenAI на прагот на историска берзанска понуда: Милијарда долари на хоризонтот

Лобисти на „Хуавеј“ осомничени за поткупување европратеници

Massive Attack се повлекува од Spotify во знак на протест

Мали организми, голема важност: Коколитофоридите во борба против CO2

DeepSeek претстави нова генерација на AI модел

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Париското обвинителство отвори истрага за социјалната мрежа Х

Технологија

„Како вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме и живееме?“

БалканТехнологија

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Технологија

Пинтерест ја реорганизира компанијата: фокус на вештачка интелигенција

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?