Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Технологија

ЕК започна постапка против „АлиЕкспрес“ поради сомнеж за кршење на Законот за дигитални услуги

Сподели

Брисел, 14 март 2024 (МИА) – Европската комисија денеска започна формална постапка со цел да утврди дали компанијата „АлиЕкспрес“ го прекршила Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) во делот на управувањето и ублажувањето на ризиците, карактерот на објавените содржини, внатрешниот механизам за жалби, транспарентноста на рекламирањето и пристапот до податоци.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК реши да започне постапка против „АлиЕкспрес“ врз основа на претходно спроведената прелиминарна истрага за сомнежите за прекршување на ДСА, анализата на извештајот за проценката на ризикот од август 2023 година, како и одговорите на компанијата на нејзините барања за информации од 6 ноември минатата и 18 јануари оваа година.

Постапката ќе се фокусира на проверка на усогласеноста со обврските на Законот за дигитални услуги поврзани со системските ризици од ширење на илегална содржина, како и реалните или предвидливите негативни ефекти во заштитата на потрошувачите од одредени производи кои претставуваат ризик по здравјето, од пристап до порнографски материјали и незаконски содржини или од намерна манипулација.

- Advertisement -

Исто така ќе се истражува и усогласеноста со можноста на корисниците да известуваат за нелегални содржини и пристапот до јавно достапните податоци, обезбедувањето ефикасен внатрешен систем за постапување по жалби и транспарентност и оценувањето на веродостојноста и комплетноста на информациите за трговците кои го користат „АлиЕкспрес“.

Доколку се докажат овие сомнежи, тоа би значело дека „АлиЕкпрес“ прекршува десетина членови на Законот.

Со формалното отворање на постапката, Комисијата ќе продолжи да собира докази, но сега ќе може да преземе и дополнителни чекори, како што се изрекување на привремени мерки за отстранување на неусогласеноста.

Со ДСА не се предвидува законски рок во кој треба за заврши покренатата постапка. Нејзиното времетраење ќе зависи од сложеноста на случајот, степенот на соработка од страна на „АлиЕкспрес“, како и од можноста компанијата да го користи правото на одбрана.

Од Сашко Панајотов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Apple води, Samsung веднаш зад него: како изгледаше пазарот на смартфони во 2025

Руски суд парично ја казни платформата Телеграм затоа што одбила да отстрани содржини

Извршниот директор на Nvidia ќе се сретне со Трамп

Иранскиот Врховен совет за кибер простор гласаше за укинување на забраната за ВатсАп

Apple развива иновативен оперативен систем за паметни домови

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Технологија

Кина забрани на ByteDance да користи Nvidia чипови: Како тоа ќе влијае на технологијата?

Технологија

Кина бара да не се политизираат трговијата и технологијата откако Јужна Кореја го забрани ДипСик

„Хуавеј“ работи на новиот паметен телефон со троен преклоп

Технологија

Хакирани лични и банкарски податоци на стотици илјади жители на Род Ајленд

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?