На 16 февруари 1994 година Грција донесе одлука за целосно затворање на границата со Република Македонија и воведе трговско ембарго, потег што предизвика сериозни економски последици за младата држава.
Со блокадата беше затворено и Солунското пристаниште за македонската трговија, а грчкиот конзулат во Скопје беше затворен. Овој чекор значеше прекин на најважниот трговски коридор и дополнително ја усложни економската состојба во земјата.
Ембаргото траеше повеќе од една година, сè до 15 октомври 1995 година, кога беше укинато по постигнувањето на Привремената спогодба меѓу двете држави.
Овој период останува запаметен како еден од најтешките за македонската економија, со значително намалување на трговската размена, отежнат извоз и зголемени транспортни трошоци.


