Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Експерти тврдат дека Олимписките игри во Париз ќе бидат предмет на голем број кибер напади од Русија

Сподели

Хелсинки, 15 јули 2024 (МИА) – Финска компанија за кибер безбедност очекува Олимписките игри во Париз да бидат предмет на голем број кибер напади, особено од руски хакерски групи, се вели во студијата објавена денеска, јави ДПА.

Експертите од финската компанија за кибер безбедност WithSecure изјавија дека организаторите на овогодинешните ЛОИ во Париз треба да се подготват за поголем ризик од кибер напади од претходните изданија „поради геополитичките превирања“.

Во својот извештај, компанијата ја посочи Русија како најверојатен извор на кибер напади, при што експертите тврдат дека идентификувале три групи кои имаат намера да го нарушат нормалното одвивање на игрите – групи спонзорирани од Москва, приватни хакерски активисти и обични кибер-криминалци.

- Advertisement -

На руските и белоруските спортисти им е дозволено да се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз само под неутрално знаме поради војната на Москва во Украина. Тие исто така се исклучени од учество на свеченото отворање и не смеат да имаат никаква поврзаност со војската, напомена ДПА.

WithSecure исто така гледа зголемен ризик од кибер напади од хакери од Кина, Северна Кореја и Иран. Експертите исто така ги посочуваат хакерските групи и организираните кибер-криминалци надвор од Русија како потенцијален фактор на ризик. Главната цел на напаѓачите ќе биде да се пробијат во мрежите на организаторите за да ги шифрираат податоците и да го нарушат одржувањето на настанот, велат експертите.

Според студијата, основните мрежи на Олимпијадата се добро заштитени од кибер напади, што значи дека ризикот од прекин е низок до умерен.

Од Марија Спасовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Италијанската полиција откри нелегална фабрика за цигари

Рама бара од ЕУ под итно укинување на санкциите кон Косово и нов формат на дијалог меѓу Косово и Србија

Украина ја повика Белорусија да ja повлече војската од границата

Италијанската полиција во соработка со албанската полиција уапси 12 лица за шверц на кокаин

Финска и Украина потпишаа десетгодишен безбедносен договор

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Мексико се уште преговара со Трамп за царините

Свет

Трамп најавува делба на профитот од венецуелската нафта со американските компании

Пет лица загинаа во нов руски напад врз Харков

Трагедија: Во пожар во автомобил загинаа татко и две деца

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?