Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ЕП отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија

Сподели

Тирана, 11 март 2025 (МИА) –  Европскиот парламент (ЕП) ќе отвори канцеларија во Албанија за дополнително зајакнување на својот ангажман во Западен Балкан, јавија албанските медиуми цитирајќи синоќешно соопштен  од таа институција.  Според соопштението на ЕП, новата канцеларија на ЕП во Тирана ќе служи како клучна точка за контакт меѓу ЕП и националните парламенти, граѓанското општество и локалните партнери од Западен Балкан, „во контекст на зголемените геополитички тензии и обновениот моментум на проширувањето на ЕУ“.

Канцеларијата ќе ги промовира позициите и активностите на ЕП, особено во однос на процесот на пристапување во ЕУ, и ќе ја поддржи демократијата и институционалните реформи во регионот, се додава во соопштението.

Исто така, ќе обезбеди помош во подготовката и следењето на официјалните посети на членовите на Европскиот парламент и ќе ја зајакне соработката со другите актери на ЕУ на терен, како и со меѓународните и граѓанските организации.

- Advertisement -

Се нагласува дека ЕП доследно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан „признавајќи ја неговата стратешка важност за регионалната стабилност и поширокиот европски проект“. Формирањето на таа канцеларија „ја одразува пошироката стратегија на ЕУ за продлабочување на ангажманот со земјите кандидати“, наведуваат албанските медиуми.

Виталната потреба за зајакнување на партнерството на ЕУ во Западен Балкан станува се појасна со оглед на актуелните геополитички предизвици, вклучувајќи ја и руската војна во Украина. „Формирањето на канцеларија на ЕП во Тирана ја нагласува силната посветеност на Парламентот за поддршка на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ, истовремено поттикнувајќи ја стабилноста, демократијата и поблиските односи меѓу ЕУ и нејзините соседи“, се заклучува во соопштението.

Во моментов, ЕП има три оперативни претставништва – во Њујорк, Џакарта и Адис Абеба и одлучи да отвори канцеларија во Молдавија за дополнително да го зајакне својот ангажман во регионот на Источното партнерство.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кристерсон до Орбан: Не ја користи Шведска за твојата кампања!

Едно лице загина, 25 се повредени во судар на брз воз и камион во Германија

На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога

Албанија за шест месеци остварила рекордни 1,9 милијарди евра од туризам

Двојниот стандард на Германија за мирните протести

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Јамајка прогласи вонредна состојба во јужниот дел на земјата

Свет

Хамас: Воените обиди за ослободување на заложниците ќе резултираат со нивна смрт

Балкан

Франција стави вето на напредокот на Црна Гора во преговорите со ЕУ

Балкан

Земјотрес со јачина од 3,7 степени ја потресе Србија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?