Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ЕУ одобри 20 милиони евра за модернизација на ПВО на Молдавија

Сподели

Брисел, 25 април 2025 (МИА) – Советот на ЕУ донесе одлука за издвојување на 20 милиони евра од Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за поддршка на Вооружените сили на Молдавија, наменети за модернизација на капацитетите на нивната противвоздушна одбрана (ПВО) преку набавка на лансери и ракети со краток дострел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова е втора мерка за поддршка на молдавската армија преку ЕПФ овој месец, откако претходно на 7 април Советот одвои 40 милиони евра за зајакнување на пешадиската мобилност на Вооружените сили на Молдавија и на командните и контролните капацитети на противвоздушната одбрана. Овие средства се наменети за набавка на лесни тактички возила и на опрема за команда и контрола за системите за ПВО со краток дострел.

Во врска со одлуката за доделувањето на новата, седма по ред, помош за Кишињев во рамките на Европскиот мировен инструмент, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас истакна дека со оваа Унијата се потврдува како главен безбедносен партнер на Молдавија.

- Advertisement -

– Опремата што ја испорачуваме – како што се возила, заштитна опрема и мобилни амбулантни возила – е инвестиција во мирот и заштитата на луѓето. Тие имаат за цел модернизација на молдавската Армија и подобрување на нејзините одбранбени капацитети, со целосно почитување на неутралноста на Молдавија, порача Калас.

Таа додаде дека ЕУ оваа година во рамките на ЕПФ обезбеди 60 милиони евра поддршка за Молдавија, со што вкупната европска помош за земјата од 2021 година достигна речиси 200 милиони евра.

– Надоврзувајќи се на претходните мерки за помош во рамките на ЕПФ, оваа поддршка ќе продолжи да им овозможува на молдавските Вооружени сили да ја подобрат својата оперативна ефикасност, да го забрзаат исполнувањето на стандардите на ЕУ и интероперабилноста, а со тоа подобро да ја заштитат критичната цивилна инфраструктура, како и цивилите во кризни и вонредни состојби. Исто така, таа ќе ги зајакне и капацитетите на Молдавија за учество во воените мисии и операции во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, соопшти Советот на ЕУ.

Во соопштението се додава и дека ЕУ е посветена да и обезбеди секаква релевантна поддршка на Молдавија во справувањето со предизвиците со кои таа се соочува како последица на руската агресија врз Украина и да ги зајакне своите отпорност, безбедност и стабилност во услови на дестабилизирачки активности од страна на Русија.

Европскиот мировен инструмент е основан во март 2021 година со цел преку него да се финансираат активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ насочени кон спречување на конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност. Инструментот и овозможува на ЕУ да финансира и активности насочени за зајакнување на капацитетите на трети држави и регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања.

Одлуката за новата помош од ЕУ за Молдавија, доаѓа по вчерашната посета на Калас на Кишињев.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трагичен инцидент на свадба во Шибеник: Жена почина од сигнална ракета

Италија на работ на економска криза: Стареењето на населението ја загрозува иднината

Илјадници луѓе во Техеран на комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах

Вучиќ ги шокира министрите: Време е да се разбудите!

Балтичките држави ја зацврстуваат одбраната: Летонија и Литванија се наоружуваат

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Њујорк Тајмс: Градоначалникот на Њујорк обвинет по федерална истрага за корупција

Свет

Латинска Америка и Шпанија се обединети против агресијата кон Венецуела

Студентка од Перу пронајдена мртва по шокантното признание во популарна емисија

Балкан

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?