Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ЕУ повика на хуманитарни паузи во Газа заради кампања за вакцина против детска парализа

29.08.2024 21:20
Сподели

Брисел, 29 август 2024 (МИА) – Земјите-членки на Европската Унија денеска повикаа на хуманитарни паузи во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се овозможи започнување на кампањата за вакцинација против детска парализа.

Во заедничкото соопштение од ЕУ се посочува дека е загрижувачки тоа што во Газа во јули бил детектиран случај на детска парализа, прв по 25 години.

„Мора да се избегне епидемија меѓу населението кое веќе е ослабено од повеќе од 10 месеци борби и раселување, недоволна исхрана, недостиг на основни здравствени услуги и лоши санитарни услови, но и поради можно понатамошно ширење на вирусот на меѓународно ниво“.

Банер Банер BrandEcho

ЕУ се приклучува на повикот на Генералниот секретар на Обединетите нации и Светската здравствена организација за итни хуманитарни паузи во Газа за да се овозможи спроведувањето на кампањата за вакцинација против полио вирусот. Се очекува дека две рунди од кампањата ќе бидат спроведени во наредните недели во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, при што ќе бидат дадени две капки од новата орална полио вакцина тип 2 на повеќе од 640 000 деца под десетгодишна возраст.

ЕУ го поздравува доставувањето на повеќе од 1,2 милиони орални полио вакцини, како и соработката на Израел во доставувањето на вакцините во Газа, и го истакнува значењето на понатамошната соработка од сите страни со СЗО, УНРВА и УНИЦЕФ за спроведување на вакцинацијата. „Посветеноста на хуманитарните паузи од сите страни ќе биде клучна за успешно и навремено спроведување на овие итни кампањи. Заштитата на здравствените установи и нивните работници, како и обезбедувањето на безбеден пристап за децата и семејствата до местата за вакцинација, ќе биде од суштинско значење за овој процес“, се наведува во соопштението.

Ad image

Во него се потсетува и дека ЕУ постојано ја повторува својата загриженост поради катастрофалната ситуација во Газа и ги поддржува тековните преговори за договор за прекин на огнот и ослободување на сите заложници. ЕУ и нејзините земји членки заеднички се најголемиот донатор на хуманитарна помош во Газа. ЕУ останува целосно посветена на обезбедување на хуманитарна помош и поддршка на Палестинците погодени од војната во Газа, вклучувајќи го и продолжувањето на операциите на Хуманитарниот воздушен мост на ЕУ, зголемено финансирање за поддршка на здравствените установи и помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, како и на хуманитарните актери – и агенциите на ОН и невладините организации – на терен.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Милановиќ: Хрватска не смее да живее од долгови без план за враќање

Насилство во Холандија: Напади во Амстердам и Ротердам предизвикуваат страв

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема закана од војна

16 години од големата експлозија во Грдец (ВИДЕО)

Над Крим уништени 38 украински дронови

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Финска, од почетокот на војната, ја поддржала Украина со повеќе од 2,7 милијарди евра

Бура прекина музички фестивал во Словачка

Свет

Илјадници луѓе во Техеран на комеморацијата за убиениот лидер на Хезболах

Балкан

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?