Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ЕУ презема мерки за заштита на децата од штетните практики на играта „Стар Стејбл“

Сподели

Брисел, 21 март 2025 (МИА) – Европската Мрежа за соработка за заштита на потрошувачите (ЦПЦ) во координација со Еврокомисијата започна акција против шведската компанија „Стар Стејбл Ентертејмент АБ“ со цел да обезбеди „посигурно и потранспарентно искуство“ за играчите на видео играта „Стар Стејбл Онлајн“ (ССО).

Акцијата е покрената на предлог Шведското здружение на потрошувачи, со барање „Стар Стејбл Ентертејмент АБ“ да обезбеди информации за комерцијалните практики со кои децата може да се сретнат во играта ССО.

Според Мрежата ЦПЦ, во играта се идентификувани голем број практики со кои се прекршува законодавството на ЕУ за заштита на потрошувачите и кои можат да бидат особено штетни за децата.

- Advertisement -

Меѓу овие нотирани „практики“ се директни апели до децата преку реклами да купуваат предмети во играта, употреба на техники за притисок за купување во временски ограничени рок, како и недоволно јасни и транспарентни информации приспособени на децата за купување и користење на виртуелната валута во играта.

На компанијата и се забележува и дека не се погрижила доволно јасно да ги посочи комерцијалните содржини за промоција на производи и да го ограничи прекумерното влијание на маркетиншките техники врз децата.

Шведската компанија сега има рок од еден месец писмено да одговор на забелешките на ЦПЦ и да предложи мерки за нивно отстранување.

– Со оваа акција ЦПЦ ја нагласува потребата видео игрите и нивните комерцијални практики да се приспособат на децата и да не ја искористуваат нивната ранливост, посочи Европската комисија.

Дополнително, ЦПЦ презентираше и упатство „Клучни принципи за доверлив амбиент за онлајн игри“, кое треба да и помогне на индустријата за видео игри да се усогласи со правилата за заштита на потрошувачите на ЕУ, поврзани со користењето виртуелни валути во игрите.

Упатството опфаќа збир на правила за промовирање на транспарентност и правичност во употребата на виртуелни валути во игрите, кои, меѓу другото, опфаќаат изнесување јасни и транспарентни информации за цените, избегнување практики за криење на трошоците за дигитални содржини и услуги, почитување на правото на потрошувачите да се предомислат и водење сметка за ранливоста на потрошувачите, особено кога станува збор за деца.

Европската комисија, од своја страна, најави дека на претстојните консултации за Законот за дигитална правичност, ќе ги покрене и прашањата поврзани со овие иницијативи на ЦПЦ.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Украинците удриле во трафостаницата во Курск, пет региони без струја

УЖАС Мајка фрлила четиригодишно дете во езеро

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион Су-25

Харис и Трамп се обвинуваат меѓусебно дека немаат доволно моќ за да ја извршуваат претседателската функција

Трагичен крај на претстава: публика во шок откако акробатка загина на сцена

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Светот повикува на мир: Освен САД, сите земји членки на СБ на ОН бараат прекин на огнот во Газа

Пекинг го повика НАТО да заземе рационален и прагматичен став кон Кина

Балкан

„Катимерини“: Атина во состојба на зголемена готовност поради ситуацијата на Блискиот Исток

Балкан

Телефонски разговор Вучиќ – Путин: Србија нема да воведува санкции за Русија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?