Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

Европејците сметаат дека имаат полза од меѓународната трговија

14.07.2024 02:16
Сподели

Брисел, 25 јуни 2024 (МИА) – Над шест од десет граѓани на Европската Унија веруваат дека имаат корист од меѓународната трговија, што претставува зголемување во споредба со последното такво истражување спроведено во 2019 година, покажува најновата анкета на Евробарометар посветено на меѓународна трговија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувањето открива дека Европејците ги ценат придобивките што ги носи меѓународната трговија, како што се поширок избор на стоки и производи по попристапни цени.

Дополнително, тие изразуваат и силна поддршка за улогата на ЕУ во глобалната трговија, пројавуваат голем интерес за искористување на трговската политика за пошироки општествени придобивки и имаат критичка свест за стратешките императиви што ги предизвикуваат геополитичките тензии.

Банер Банер BrandEcho

Дури 74 отсто од Европејците сметаат дека ЕУ е поефикасна во одбраната на трговските интереси на земјите членки, отколку доколку секоја од нив би дејствувала самостојно, а 82 проценти веруваат дека „се потребни меѓународни трговски правила за да одржување на рамноправни услови за игра“.

Значителен раст бележи и довербата во ЕУ во водењето на трговската политика и во нејзината способноста да се однесува одговорно во сложениот глобален трговски пејзаж.

Ad image

На прашањето кои се најважните причини поради кои ЕУ треба да води трговска политика, покрај поттикнување на трговијата со земји што не се членки на блокот, меѓу приоритетите е и здравјето и безбедноста на потрошувачите.

Околу 35 отсто од европските граѓани очекуваат трговската политика на ЕУ да го заштити здравјето на потрошувачите, 27 проценти националната безбедност, а 18 отсто чувствителните технологии.

Според Евробарометар, ваквиот тренд укажува на свесност на Европејците за важноста на трговијата за поширока економска безбедност, како и поддршка за самоувереност како клучна цел на трговската политика на ЕУ.

Резултатите од овој истражување ќе бидат вклучени и во дискусиите во рамките на новата Европска комисија за иднината на трговската политика на ЕУ.

Инаку, ова е трето истражување на Евробарометар за ставовите на Европејците за трговијата и трговската политика на ЕУ, по оние од 2010 и 2019 година.

Најновата анкета е спроведена помеѓу 12 јануари и 4 февруари оваа година со опфат на над 26 000 испитаници од различни социјални и демографски групи од сите земји членки на ЕУ. Анкетата е спроведена лице в лице на локалните јазици на репрезентативен примерок согласно стандардите на Евробарометар.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ММФ: Постигнат договор со Србија за четвртaта ревизија и за нов трогодишен аранжман

Зошто опаѓа работната миграција во богатите земји?

Дали инфлацијата во Јужна Кореја конечно се смирува?

Од ноќеска на полноќ пониски цени на безнините и дизелот

Geely поставува амбициозни цели: 6,5 милиони возила до 2030 година!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Крај на неизвесноста: Daily Mail ја презема Telegraph за 500 милиони фунти

Бизнис и Економија

Starbucks се повлекува од Кина: Што значи ова за иднината на брендот?

Бизнис и Економија

MOL објави: Започнуваат тестирања на капацитетите на нафтопроводот JANAF

Бизнис и Економија

Netflix под притисок: Неочекувани трошоци го намалија профитот и акциите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?