Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Европските држави со нови препораки за граѓаните кои патуваат во САД

27.03.2025 00:53
Сподели

Париз, 25 март 2025 (МИА) – Франција, како и неколку други европски земји, со препораки до француските граѓани кои патуваат во САД. Одлуката уследи по указот на американскиот претседател Доналд Трамп од 20 јануари дека во САД се признаваат само два пола – машки и женски, дефинирани при раѓање.

Германија, Данска, Финска, Холандија и Велика Британија минатата недела издадоа слични препораки до своите граѓани. Тие ги потсетуваат своите граѓани кои патуваат во САД строго да ги следат правилата за влез во таа земја за да избегнат да бидат вратени назад, па дури и да бидат уапсени.

Во препораката на Франција експлицитно не се спомнуваат француските трансродови лица, кои би можеле да бидат вратени назад на границата доколку во нивните пасоши е назначен полот „Х“ или ако го смениле полот.

Банер Банер BrandEcho

– На патниците им се препорачува редовно да ја проверуваат веб-страницата на Амбасадата на САД во Франција и да контактираат со авиокомпанијата со која патуваат за да проверат дали има какви било промени и новоусвоени мерки“, се вели во препораката издадена од француското Министерство за надворешни работи.

Минатата недела Министерство за надворешни работи на Финска објави дека ако полот на пасошот на барателите за виза или електронско овластување за патување не се совпаѓа со нивниот пол при раѓањето, нивното овластување за патување или виза може да биде одбиено.

Ad image

Додека Данска им препорача на граѓаните дека ако во пасошот имаат ознака „Х“ за полот или пак го смениле полот да ја контактираат амбасадата на САД пред да патувате за да ги потврдите важечките правила.

И МНР на Холандија ги предупреди ЛГБТ луѓето кои патуваат во САД дека треба да бидат свесни дека таму различни закони. Минатата недела и Германија им препорача на патниците, чиј пол е означен како „X“ во нивните лични документи, или чиј сегашен пол се разликува од нивниот пол при раѓање, да го контактираат со надлежното претставништво на САД во Германија.

Велика Британија ги предупреди своите граѓани да ги почитуваат сите правила за влез во САД или ризикуваат апсење.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кина: Тајниот непријател на Велика Британија

Германија ќе ја намали воената помош за Украина

Жителите на Алјаска се евакуираат поради опасност од рекордни поплави

Путин: Никој нема да може да ја освои или скрши Русија

Индија и Бразил ја зајакнуваат воената соработка

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Владата на Либан го обвини Израел за масовните експлозии на пејџери, се обрати до Обединетите нации

Свет

Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула

Ким Џонг Ун на пат кон Кина: Посета со специјален воз

Белгија трет ден под руски кибер напади, премиерот Де Кро уверува дека нема да има влијание на изборите в недела

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?