Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Хроника

Фатени четворица кумановци барани по потерница, лишени неколку лица поради марихуана…

Сподели

Извадок од дневен билте на МВР

На 12.01.2025 во 08.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.З.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

На 12.01.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.Ј.(32), Г.Н.(36) и Ѓ.М.(29) од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тие биле спроведени во Казнено – поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

- Advertisement -

На 12.01.2025 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(27) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 12.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.С.(38) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Љ.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 12.01.2025 во 10.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода И.К.(53) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека приложиле фалсификувани патни исправи. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
На 13.01.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Велес, удрило во столб од наплатната станица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 12.01.2025 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.К.(46) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.Ј.(55) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје, А.А.(41) од Скопје пријавила дека на 11.01.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Центар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, која ја познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, С.С.(46) од Скопје пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 10.15 часот во СВР Скопје, В.Ј.(74) од с.Волково, скопско, пријавила дека околу 08.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со паричник, документи, пари и мобилен телефон,. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 10.00 часот во СВР Битола, М.Ј.(50) од Битола пријавила дека на ул.„Даме Груев” во Битола, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 12.01.2025 во 11.03 часот во ОВР Демир Хисар, О.К.(46) од Демир Хисар пријавил дека пред неговата куќа во Демир Хисар, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 13.01.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата. С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Ш.(32) од Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 27.09.2024 на влез во с.Богородица, гевгелиско, пријавениот бил забележан од полициски службеници дека превезува мигранти, по што побегнал. На 24.12.2024 тој бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.К.(18) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.01.2025 на седиште во автобус кој сообраќал на релација Скопје – Велес, пријавениот оставил торба со марихуана која била пронајдена и одземена од полициски службеници при СВР Велес.

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.К.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2025 на патарина кај Сопот, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, во кое се превезувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.Т.(75) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 02.12.2022 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли „ЦЗ“ и пневматски пиштол, како и 82 куршуми различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф.(27) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед извршен во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пиштол, ножеви и муниција: шокантна заплена кај млад возач од Бугарија

Скопје: Жена тешко повредена по напад со гајба полна стаклени шишиња

Истрага за недозволена трговија со дрога во Струга

Шокантен скандал во МВР: Полициски службеник уапсен за замена на урина за да спаси колега!

Нападнал полицаец за време на незаконит риболов

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Кривична пријава против четири лица за сообраќајната несреќа во која жена го загуби животот

Хроника

Тепачка во Карпош: Приведен 23 годишно момче

Хроника

Тинејџерки приведени во Ѓорче по агресивно однесување кон полицијата

Хроника

Истрага за поседување детска порнографија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?