Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Здравје

ФДА го одобри првиот лек за замастен црн дроб

16.03.2024 00:12
Сподели

Вашингтон, 15 март 2024 (МИА) – Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) вчера го одобри лекот на „Мадригал фармацутикалс“ (Madrigal Pharmaceuticals) за третман на заболување на замастен црн дроб, познато како „неалкохолен стеатохепатитис“ (НАСХ). Ова е првиот третман што доби одобрение за состојбата, отворајќи можност за компанијата вредна милијарди долари.

НАСХ, од неодамна познат како „стеатохепатитис поврзан со метаболичката дисфункција“ (МАСХ), погодува околу 1,5 милиони луѓе само во САД, според проценките на компанијата. И, досега немало одобрен лек за него. Оралниот лек на „Мадригал“ ќе биде достапен под називот „Рездифра“ (Rezdiffra) почнувајќи од април, објави извршниот директор Бил Сиболд.

– Одобрувањето од ФДА означува пресвртница за пациентите, по низата неуспеси во изминатово десетлетие. Тоа ќе ја отвори вратата за терапија со лек што им е очајно потребен, изјави Лорејн Стил, управителка на Американската фондација за пациенти со заболен црн дроб.

Банер Банер BrandEcho

Компанијата „Мадригал“ го цени лекот по годишна големопродажна цена од 47.400 долари. Аналитичарите проценуваат дека годишната продажба ќе надмине пет милијарди долари.

„Лекот на ‘Мадригал’ е одобрен за пациенти кои имаат НАСХ со фиброза или лузни кои напредувале до степен 2 или 3 по сериозност“, објави компанијата.

Ad image

Акциите на „Мадригал“ пораснаа за 24 отсто до 301,99 долари во продолженото тргување на Волстрит.

Причините за НАСХ не се целосно позбнати. Најчесто ова заболување се поврзува со дебелина, хипотироидизам, дијабетес, високи нивоа на маснотии во крвта и слични здравствени проблеми. Предизвикува прекумерна акумулација на маснотии во црниот дроб, како и воспаление и лузни на тој орган. Фармацевтските компании „Акеро терапеутикс“, „89-био“, „Вајкинг терапеутикс“ и „Сагимет бајосајенсес“ спроведуваат слични испитувања на нивни лекови за болеста во средна и доцна фаза.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Нови научни сознанија за причините и појавата на пелтечењето

Премногу пробиотици не се здрави за телото

Истражување: „Ултрапреработената“ храна ја зголемува подложноста на болести

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“

Зимата не е пречка: Како да ја одржите вашата фитнес рутина во студените месеци?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Мајчината душичка – совршен лековит украс за домот

Здравје

Ослободете се од стресот: Како тренинзите за нервен систем можат да ви помогнат!

Современите луѓе од градот ја губат способноста за варење хранливи билки

Здравје

„Баер“ треба да им исплати 100 милиони долари на четири лица поради хемикалии во школо во Сиетл

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?