Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

Сподели

Вашингтон, 23 јануари 2025 (МИА) – Американски федерален судија во одлука денеска го блокираше обидот на администрацијата на Доналд Трамп до го укине правото за добивање државјанство по место на раѓање на деца на недокументирани имигранти и странски посетители.

Одлуката на окружниот судија на САД, Џон К. Кафенар, е на национално ниво и со важност од две недели. Тоа е одговор на тужба поднесена од четири сојузни држави — Вашингтон, Аризона, Илиноис и Орегон — според која извршната уредба на Белата куќа, потпишана од претседателот Трамп во понеделникот, е неуставна.

Уште 18 држави заедно со Вашингтон, округ Колумбија, поднесоа слична тужба во Масачусетс, плус најмалку три различни организации за граѓански права водат свои правни постапки. Сите овие сојузни држави се водени од демократски гувернери.

- Advertisement -

Судските постапки ја оспоруваат извршната наредба на Трамп, за која претседателот изјави дека се надева да стапи во сила кон средината на февруари. Повеќе јавни обвинители ја оспоруваат одлуката на, а во поднесените тужби се вели дека во САД годишно се раѓаат 153.000 деца од двајца родители кои немаат документи за легален престој. Администрацијата на Трамп се надева дека укинувањето на правото може да ја обесхрабри нелегалната имиграција во САД.

Извршната наредба на Трамп предвидува неговата администрација повеќе да не признава државјанство по автоматизам на оние деца родени на американско тло од родители имигранти кои во земјата дошле нелегално, односно ниту еден од родителите не е државјанин на САД или поседува легален престој (зелена карта).

Исто така, уредбата на Трамп оневозможува добивање на државјанство по автоматизам на децата родени од родители кои во земјата дошле со привремени работни, студентски или туристички визи.

Правото на добивање државјанство по место на раѓање е утврдено со 14-тиот амандман на Уставот на САД и е усвоено од Конгресот во 1868 година. Во него е вклучена клаузула која гласи: „Сите лица кои се родени или натурализирани (оние кои легално станале државјани но не се родени) во Соединетите Американски Држави, и кои се предмет на нивна надлежност, се државјани на Соединетите Американски Држави и на државата во која живеат.“

Од Борис Камчев, САД/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Орешник: Новата ракета што ќе ја обезбеди безбедноста на Русија во наредните години

Кина воведува мерки поради мпокс

Десетици повредени и заглавени во несреќа на ски-лифт во северна Шпанија

Канцеларија за Косово: Приштина презеде шест згради во Зубин Поток градени од српската Влада

Родителите го барале синот во мртовечница – го најдоа во болница!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Вилнус објави план за евакуација во случај на војна: „Мораме да бидеме подготвени“

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Балкан

Хрватскиот премиер во жестока расправија со претседателот: Обвинувања за проруски ставови

Свет

АУ прогласи вонредна ситуација за јавното здравје поради мпокс во цела Африка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?