Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Фицо: Група странски експерти работат на соборување на словачката влада

Сподели

Братислава, 22 јануари 2025 (МИА) – Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека група странски „експерти“ кои учествувале во немирите во Грузија и на Мајдан работат во Словачка со цел да ја соборат актуелната влада.

Тој ова го изјави на прес-конференција во врска со протестите на опозицијата во таа земја против актуелната власт и додаде дека групата е под надзор и е финансирана од САД, пренесува словачкиот портал Правда.

„Словачката опозиција се подготвува за Мајдан и окупација на владини згради“, рече Фицо, додавајќи дека за ова прашање за четврток свикал седница на Советот за национална безбедност.

- Advertisement -

Претходно, Фицо се сретна со словачкиот претседател Петер Пелегрини и со шефот на Словачката разузнавачка служба (СИС) Павле Гашпар, како и со претставници на други државни сили во врска со извештајот на СИС во кој се наведува дека службата има информации за организирано странско влијание за дестабилизација на Словачка.

„Во нормална демократска држава под владеење на правото, безбедносните сили ќе интервенираат бидејќи тоа е кршење на законот, дури во некои случаи и прекршување на кривичното право“, рече тој во врска со протестите на опозицијата, додавајќи дека „сите телевизии во светот“ би се собрале и би создале слика за тоа како интервенира полицијата, како и дека ќе дојде до масовни протести и преземање на власта во државата.

Фицо истакна дека ги почитува правата на граѓаните кои можат да се собираат, но дека државата не може да толерира кршење на законите.

Според него, на седницата на Советот за национална безбедност ќе се расправа за превентивни мерки за спречување ескалација.

Опозицијата извештајот на СИС го нарече апсурден, а наводите во извештајот ги негираат и организаторите на протестот.

Од Пандорка Арсовска-Гацова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Турција уапсени 65 луѓе поради поврзаност со ИД

Суспендиран полски новинар кој песната на Ленон на отворањето на ОИ ја нарече „визија за комунизмот“

Преселбата на штркови создава проблеми на Аеродромот во Истанбул

Судбината на Украина: Дали ќе се прифати територијален компромис со Русија?

Во Грција регистрирани вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 24 во изминатата седмица

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Западот ги поткопува традиционалните вредности

Свет

Иран во писмо до ОН вели дека не бара ескалација

Свет

Даунинг стрит: Британскиот премиер следната недела ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Борел: Грузија се оддалечува од патот кон ЕУ со новиот анти-ЛГБТ+ закон

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?