Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Герасимовски: Отстранети 130 хаварисани возила, го ослободуваме јавниот простор

Сподели

Општина Центар продолжува со интензивното отстранување на хаварисани возила, ослободувајќи паркинг-места и тротоари, намалувајќи ја загаденоста и зголемувајќи ја безбедноста на јавните површини. Во соработка со ПОЦ, денеска беше расчистен реонот кај Театар Комедија, како дел од пошироката акција за дислокација на возилата што веќе не се во употреба.

Во последните неколку месеци, од подрачјето на Општина Центар се отстранети 130 хаварисани возила. Овие возила зафаќаат јавен простор, го намалуваат бројот на паркинг-места и се потенцијални загадувачи.

„Продолжуваме со решавање на проблемот со хаварисаните возила, кои со години претставуваат пречка за граѓаните. Ги повикувам сите навремено да ги пријавуваат или сами да ги отстранат ваквите возила, со што заеднички ќе придонесеме кон почист и поуреден град,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.

- Advertisement -

Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на телефонскиот број 076 350 767. Возилата се транспортираат бесплатно во депото, каде што се врши проценка согласно откупната цена за старо железо.

Сопствениците имаат рок од две недели да ги отстранат возилата. Доколку тоа не се направи во дадениот рок, пајак-службата го презема отстранувањето. Пред тоа, комунален инспектор од Општина Центар залепува опомена на возилото за да го информира сопственикот дека возилото мора да се дислоцира.

„Општина Центар останува посветена на создавање чист и уреден јавен простор за сите граѓани.“ стои во соопштението на Општина Центар.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Делови од Карпош денеска без вода поради реконструкција на мрежата

Карпош е дел од ЕУ проектот за реновирање на енергетски ефикасни домови

Крива Паланка овој месец ќе биде епицентарот на културните случувања

ПРОМОВИРАНИ ПЛИВАЧИТЕ НА 38.ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Еразмус+ инфоцентар ќе биде отворен во Битола

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

80 години развој и љубов кон писменоста со ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“

Локално

„Не ја пијте водата!“ – алармантно предупредување до сите во Берово!

Локално

Информации за зонското паркирање на територија на општина Карпош

Локално

Достава на писмен извештај за праг за информирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?