Германија се подготвува за потенцијален напад од Русија на НАТО во следните две до три години. Оваа ситуација би можела да ја постави земјата во центарот на воените и логистичките операции на сојузниците, изјави генерал-потпуковникот Гералд Функе во интервју за британскиот весник „Тајмс“.
Според генералот, актуелните геополитички тензији и воените активности на Русија на истокот создаваат сериозни предизвици за безбедноста на Европа. Тој нагласи дека Германија мора да биде подготвена да одговори на секоја закана, особено во контекст на зголемената воена активност на Русија.
Функе истакна дека сојузниците треба да работат заедно на зајакнување на своите одбранбени капацитети и да развијат стратегии за справување со можните закани. Според него, заедничките воени вежби и подобрената соработка меѓу НАТО земјите ќе бидат клучни за одржување на стабилноста во регионот.
Во светло на овие настани, Германија се стреми да игра активна улога во зајакнување на колективната безбедност, подготвувајќи се за сите можни сценарија во иднина.


