Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Грција и Кипар се против вклучувањето на Турција во европскиот одбранбен инструмент САФЕ

Сподели

Грција и Кипар изразија силно несогласување со намерата на Европската комисија да ја вклучи Турција во инструментот на ЕУ познат како „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), кој е наменет за финансирање на проекти поврзани со одбраната. Владата во Атина оцени дека „ниту една држава што официјално одржува воинствена реторика кон земја членка на ЕУ, не може да се приклучи кон европските одбранбени програми или партнерства“. Оваа изјава доаѓа во контекст на долгогодишниот спор помеѓу Грција и Турција, особено во однос на Кипар и разграничувањето на територијалните води во Егејското Море.

Никозија, која официјално го претставува целиот Кипар, исто така се противи на вклучувањето на Турција во САФЕ. Иако контролира само јужниот дел на островот, северниот дел е под турска контрола од 70-те години на минатиот век, каде е прогласена „Турската Република Северен Кипар“, призната само од Анкара. Портпаролот на Европската комисија за технолошка сувереност, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение, потврди дека „право на учество во проекти финансирани преку инструментот САФЕ имаат и трети земји кои не се членки на ЕУ“, додавајќи дека Турција веќе поднела формално барање за учество.

Рение истакна дека „на трети земји им е дозволено да учествуваат во САФЕ“ и дека „дозволено им е да бидат вклучени во национални инвестициски проекти што ќе ги достават земјите членки, со учество до најмногу 35 отсто“. Сепак, тој нагласи дека при одобрување на учеството на трети земји во САФЕ, ќе се води сметка за заштита на интересите на членките на ЕУ. Доколку некоја од државите апликанти претставува реална безбедносна закана за членка на Унијата, таа ќе биде исклучена од проектот.

- Advertisement -

Одлуката во Советот на ЕУ за евентуалното учество на Турција во САФЕ треба да се донесе со квалификувано мнозинство, што значи дека Грција и Кипар не можат директно да ставата вето. Сепак, во прашања поврзани со одбраната, земјите членки обично се стремат кон постигнување консензус, што би можело да ги намали шансите на Анкара за вклучување во САФЕ. Дури и ако не се појави директно противење, постапката за разгледување на барањето на Турција може да се одолговлекува, бидејќи во Регулативата за инструментот не е наведен конкретен временски рок за разгледување на барањата. На крајот, некои аналитичари гледаат на евентуалното пристапување на Турција до САФЕ како на можност за одоброволување на Анкара, со цел да се откаже од приговорот за споделување на тајни документи на НАТО со Европската Унија.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Онколошка болница во Атина враќа дел од Ковид мерките

Франција стави вето на напредокот на Црна Гора во преговорите со ЕУ

Србија инвестира 1,64 милијарди долари во израелска воена опрема

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција

Црна Гора бележи зголемен увоз: Што значи тоа за економијата?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Србија: Банкар во затвор поради измама од 730.000 евра

Балкан

СБ одобри дополнителни 80 милиони американски долари за Албанија за дигитална трансформација на јавниот сектор

Балкан

Три држави на Балканот обединети за производство на ново воено возило

Балкан

Црна Гора на прагот на финансиска криза: Буџет од 3,77 милијарди евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?