Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Гутереш го повика Израел да ги отстрани сите пречки за испорака на помош во Газа

Сподели

Каиро, 24 март 2024 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска побара од Израел да дозволи помошта да стигне до Појасот Газа и повторно апелираше за итен прекин на огнот.

„Кога ќе ја погледнете Газа, изгледа како четворица јавачи на Апокалипсата да галопираат ширејќи војна, глад, освојување и смрт“, рече Гутереш во Каиро, на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Тој додаде дека целиот свет верува дека сега е „крајно време оружјето да замолчи и веднаш да се воспостави прекин на огнот“.

- Advertisement -

Гутереш денеска се сретна и со претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, придружуван од шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

Во саботата во Египет, за време на обиколката на граничниот премин Рафа лоциран на југот на палестинската територија, Гутереш рече дека жителите на Газа се „затворени во бескраен кошмар“.

Израел воведе целосна опсада на Газа на 9 октомври и строго ја контролира помошта што доаѓа главно од Египет, преку Рафа. Оваа контрола го ограничува и намалува, според ОН, бројот на камиони кои влегуваат на палестинска територија.

Гутереш денеска ја пофали клучната политичка и хуманитарна улога на Египет во донесувањето на многу потребната помош за Газа.

Египет е првата арапска земја што го призна Израел и е традиционален посредник меѓу Израелците и Палестинците.

Заедно со Катар придонесе за воспоставување примирје на крајот на ноември и размена на околу 100 израелски заложници за 240 палестински затвореници.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шпанскиот суд започна истрага против пејачот Иглесијас за сексуална злоупотреба на работнички

Крај на мисијата на ОН во Јужен Либан по речиси 50 години

Бајден: Ќе водам кампања за Камала Харис во Пенсилванија

Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија, Каиро ја поддржува иницијативата Отворен Балкан

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Сикорски: Сите сојузници на НАТО мора да потрошат најмалку два отсто од БДП за одбрана

Свет

Летонија и даде на Украина 612 конфискувани автомобили

Свет

Лула стави крај на обидите за помилување на Болсонаро и заговорниците на државниот удар

Победата на Трамп ќе ги прекине кривичните постапки против него

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?