Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Хегсет: Иран треба да одлучи дали бомбардерите Б-2 се порака до Техеран

Сподели

Вашингтон, 10 април 2025 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека на Иран е да одлучи дали неодамнешното преместување на американските бомбардери Б-2 е „порака до Техеран“, истовремено изразувајќи надеж дека преговорите за иранската нуклеарна програма ќе бидат решени по мирен пат.

Според американски официјални лица, шест бомбардери Б-2 во март биле преместени во американско-британската воена база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан, во време на американската кампања на воздушни напади во Јемен и зголемените тензии со Иран, јавија британските медиуми.

Бомбардерот Б-2, од кои американското воено воздухопловство поседува 20, е меѓу најнапредните авиони поради неговата технологија со ниска забележливост („стелт технологија“) и способноста да ги носи најтешките американски конвенционални и нуклеарни бомби, вклучувајќи го и GBU-57 „Massive Ordnance Penetrator“ – оружје дизајнирано да уништува цели длабоко под земја.

- Advertisement -

Запрашан дали распоредувањето е сигнал за Техеран, Хегсет рече: „Нека самите заклучат. Тоа е извонредна алатка… и испраќа порака до сите“.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ставил до знаење дека „Иран не треба да има нуклеарна бомба“, нагласувајќи дека целта е спорот да се реши по мирен пат.

Трамп во понеделникот објави дека директните разговори со Иран за неговата нуклеарна програма ќе започнат во сабота, предупредувајќи дека Иран ќе биде во „голема опасност“ доколку не се постигне договор.

Меѓутоа, Техеран најави дека во Оман ќе се одржат индиректни  разговори, што укажува на постоечки несогласувања, истакнуваат британските медиуми.

Трамп вчера повторно се закани дека ќе употреби воена сила доколку Иран не се откаже од својата нуклеарна програма.

-Не барам многу… но тие не можат да имаат нуклеарно оружје. Доколку е потребно, ќе користиме војска. Израел, се разбира, ќе биде лидер во тоа. Но, никој не не води. Ние правиме што сакаме, рече Трамп.

Точниот датум на евентуалната воена акција не е прецизиран.

Западните сили го обвинуваат Иран дека ја користи својата цивилна нуклеарна програма како фронт за развој на нуклеарно оружје, збогатувајќи ураниум до нивоа што тие велат дека ги надминуваат потребите за производство на енергија.

Техеран тврди дека ја развива својата нуклеарна програма исклучиво за мирољубиви цели.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали

Медведев предупредува: Војна со Русија може да избие од неочекувани причини!

Голема трагедија во БИХ – Татко случајно прегази својот син

Масовни протести на наставниците во Романија поради образовните реформи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Трамп отворено се закани со воена интервенција во Колумбија: „Тоа ми звучи добро“

Свет

Инцидент во Полска: Ракета од воен авион погодила куќа за време на напад на руски дронови

Криминалот во Париз драстично се намали за време на Олимписките игри

Орбан: Влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?