Хемиската индустрија во Германија продолжува да се соочува со предизвици, и покрај зголемените очекувања во бизнисот. Ова е заклучокот од неодамна објавениот извештај на Институтот за економски истражувања Ifo од Минхен. Според податоците, индексот кој го мери бизнис расположението во германската хемиска индустрија забележа мал пораст во јануари, од декемвриските минус 24,6 поени на минус 23,5 поени.
Исто така, подиндексот кој ги мери очекувањата на компаниите за следните месеци порасна од минус 19,4 поени на минус 11,4 поени. Сепак, индикаторот кој ја оценува актуелната бизнис ситуација падна од минус 29,7 поени на минус 34,9 поени. Според коментарот на индустрискиот експерт од Ifo, Ана Вофл, хемиската индустрија е малку помалку песимистична во однос на иднината, но актуелното работење останува слабо.
Нарачките во индустријата се подобрија во однос на претходниот месец, но искористеноста на капацитетите е ниска, само 72,7%, што е значително под десетгодишниот просек од речиси 81%. Многу компании во хемиската индустрија планираат намалување на производството во наредните месеци, како и дополнителни отпуштања на работници. Вофл истакнува дека постојаниот притисок на цените и неизвесноста во надворешната трговија поради заканите од царини дополнително ја оптеретуваат индустријата.


